Posts

Showing posts from August, 2023

Зошто пост за Успение?

Даниел Манзук ❈ Секој православен христијанин е запознат и воопшто, ја знае причината за постите за Велигден и Божиќ. Но, иако можеби знаат за постот за Успение, малкумина го држат овој пост, а уште помалку се прашуваат зошто постои, ниту пак, ја знаат неговата цел. Прво, со оглед на сеприсутното непознавање на целта на самиот пост, добро е да се потсетиме на неговата цел. Постои разбирање дека треба да постиме кога нешто бараме, небаре постот некако го успокојува Бога, и Тој гледајќи нè како „страдаме“, се одоброволува да го исполни нашето барање. Ништо не може да биде подалеку од вистината од таквото   размислување. Нашиот пост не е она што му угодува на Бога, туку плодовите на нашиот пост (под услов да постиме со соодветен умствен став, а не само со диета) се богоугодни. Постиме, не за да го добиеме она што го бараме, туку за да се подготвиме да го добиеме она што Бог сака да ни го даде. Целта на постот е да нè доведе повеќе во склад со другата Марија, сестрата на Лазар, а   да нѐ

Теологија на настаните

Архимандрит Варнава (Ламбропулос) ❈ „Верни се тие зборови; и јас сакам да го утврдуваш тоа, та оние, што поверувале во Бога, да се трудат и да се грижат за добри дела: ова е полезно и добро за луѓето. А од глупави распрашувања и родослови на племињата, од препирки и расправии, по однос на Законот, клони се, зашто се бесплодни и празни. Бегај од човек еретик, откако еднаш и по вторпат го советуваш, знаејќи дека таков човек се изопачил, греши и дека се осудил сам себеси. Кога ќе ги пратам при тебе Артема и Тихика, побрзај да дојдеш кај мене во Никопол, зашто решив таму да презимувам. Законикот Зина и Аполос погрижи се да ги обезбедиш така, та од ништо да немаат потреба. И нашите нека се учат да прават добри дела за неопходните потреби, та да не бидат бесплодни. Те поздравуваат сите што се со мене. Поздрави ги оние, кои нè милуваат по вера. Нека биде благодатта со сите вас. Амин!“ (Тит 3, 8-15) Површното читање на овој извадок од „Посланието на св. апостол Павле до Тит“ остава впечаток