Posts

Showing posts from October, 2023

Од каде ли дојде благодатта во ПЦУ?

Поранешен клирик на УПЦ КП изјави дека во 2004 г. го примиле во јурисдикцијата на Фанар преку ракополагање. Сега тој е во недоумица; зошто истите такви клирици во 2018 г. ги примија „во чинот што го имаат“.

Клирик на Фанар од УПЦ-КП (Украинска православна црква – Киевски патријархат): Мене ме преракоположија, зошто ПЦУ (Православна црква на Украина) ја примија со чин?

Свештеникот се прашува: зошто во 2004 г. него, како клирик на УПЦ КП го ракоположиле во Константинополската црква како да е мирјанин, а членовите на УПЦ КП и УАПЦ (Украинска автокефална православна црква) ги примија во чинот што го имаа. Свештеникот на Шпанската и Португалска митрополија на Фанар, Тарасиј   Петруњак, во интервју за Диалог.тут  раскажа дека во 2004 г., кога тој бил клирик на УПЦ КП, го примиле во клирот на Константинополскиот Патријархат преку ракополагање. Тој се прашува: зошто во 2018 г. клириците на УПЦ КП и УАПЦ, кои се наоѓаа во истиот статус, на Фанар ги нарекоа канонски свештеници. „Во 2004 г. јас бев свештеник на Киевскиот Патријархат. Притоа, кога побарав да бидам во јурисдикцијата на Константинополскиот Патријархат, мене ми одговорија: „Вашето ракополагање не е исполнето со благодатта на Светиот Дух“.   Затоа мене ме примија како мирјанин и ме ракоположија како законит свештеник веќе во крилото на Константинополската Црква“, - раскажа свештеникот и напомна

Од историјата на титулата „Вселенски патријарх“

  ▪️ Претстоителот на Константинополската црква од VI век се титулира „Вселенски патријарх, Οἰκουμενικός Πατριάρχης“. Иако оваа титула се прикрепила за Константинополскиот архиепископ, нејзиниот носител во Православната црква не бил разбиран како патријарх на целата вселена. Со титулата „Вселенски патријарх“ во одредени документи се титулирале претстоителите на сите пет главни престоли на Византиската империја (Римскиот, Константинополскиот, Александрискиот, Антиохискиот и Ерусалимскиот).  ▪️ „Вселенски“ (на грчки οἰκουμένη, се чита „икумени“) означувало „империски“, односно она што се наоѓа на територијата на империјата. На пр., во следниот стих од Светото Писмо се подразбира дека императорот издал заповед да се направи попис по целата Римска империја, а не во целиот свет: „Бы‌сть же во дни‌ ты‌я, изы‌де повелѣ‌нiе от ке‌саря А‌вгуста написа‌ти всю‌ вселе‌нную (οἰκουμένην)“ (Лука 2, 1). ▪️ Во Правилото 28 од Четвртиот вселенски собор (451 г.) се вели: „...сто и педесетте богољубезни е

Поимот за Бог во христијанството

    Верoнaука. 02 Поимот за Бог во христијанството Верата и атеизмот.  Верата и знаењето. Извор: https://veronauka.sabornost.org/udzbenici-pravoslavnog-katihizisa

Веронаука. Вовед

Што е тоа личност? Светот и животот, гледани од перспектива на личноста. Извор:  https://veronauka.sabornost.org/udzbenici-pravoslavnog-katihizisa