Податоци за св. Ѓорѓи Кратовски од Православна енциклопедија
Во 1539 г. во П'сков, според раскажувањата на монасите Прохор и Митрофан, кои во Русија пристигнале од Света Гора, „монахот и презвитер“ Илија составил „Повест за Георгиј Нови“. Повеста ја редактирал митрополитот Новгородски Макариј (подоцна митрополит Московски), во чие време, на Собор во Москва, 1549 г., Ѓорѓи Кратовски бил вброен во соборот на светите. * * * По сите мачења, едвај жив, Турците го фрлиле св. Ѓорѓи Кратовски во оган. Светото мачеништво се случило на 26 мај 1514 г. За да не можат христијаните да го пронајдат неговото тело и да го прогласат за свети мошти, мачителите го фрлиле во куп со трупови од животни. Упокоението на св. Ѓорѓи Кратовски било придружено со чуда и знаменија, од кои Турците се исплашиле и се разбегале. Телото на св. Ѓорѓи Кратовски го откупил некој протопоп чие име не е познато, кој за сето тоа што се случило му раскажал на софискиот митрополит Јеремија. Митрополитот, остатоците од телото на светиот, кои на чудесен начин останале неповредени од огно...