Posts

Нова книга од Тавор – издавачка дејност на Кумановско-осоговската епархија: Првенството на Константинопол. Факти против митовите

Image
Книгата Првенството на Константинопол. Факти против митовите е посветена на проблемот на современите меѓуцрковни односи, на политиката на Константинополската патријаршија која претендира на посебен статус меѓу помесните православни цркви. Преку историско-канонска анализа се демонстрира неоснованоста на претензиите од Фанар на особени права на „лидер на светското Православие“, нивната противречност со духот и буквата на каноните, а и со црковното устројство што потекнува од Господ Исус Христос и апостолите. Содржина: Канонскиот статус на Константинопол и неговата интерпретација во Византија Права на ставропигија: црковната традиција и претензиите на Фанар Размислувања за правилникот на „Светиот и велик собор“, назначен за Педесетница, 2016 г.  За вистинската и лажната соборност. Каде води еклисиологијата на критскиот „Велик собор“?  Разбирањето на „вселенскоста“ во православната традиција  Вселенски патријарх: историја на една титула Хрестоматија (зборник на канони) Автор:  Павел Влади

Верата и молитвата

Image
Протопрезвитер д-р Георгиј Лекас Потребна е вера за некој да се моли на Бога, поголема вера (е потребна) за да се сети и да се врати да Му заблагодари, и уште поголема вера – да го фали Неговото Свето Име и всушност, да Го фали непрестајно. Верата што нè поттикнува да го молиме Бога кога се соочуваме со искушение, како што е болеста на десетте лепрозни, не е вера што спасува; туку таква (спасителна) е верата што нè предизвикува да се обратиме кон Господа за да Му благодариме и уште повеќе, да го фалиме Неговото свето име кога за нас е извршено чудо. Тешкотијата со која се соочуваме може да нѐ поттикне да се свртиме кон Господа, но ако ни недостасува вера, ние тежнееме чудото што е направено за нас да го припишеме на природни причини, а не на натприродното Божјо дејство. Често се случува да молиме за чудо и да добиеме чудо, и тогаш ни недостасува вера која е потребна за да го прифатиме со смирение и да му благодариме на Господа.

Недела Прочка (Сиропусна недела)

Image
Вовед Неделата Прочка е последната недела пред почетокот на Великиот пост. Богослужбите на Црквата во претпосниот период вклучуваат химни од Триодот, литургиска книга која ги содржи богослужбите од Неделата на митарот и фарисејот – десетта пред Пасха (Велигден), до Велика и Света Сабота. Во Неделата Прочка фокусот е ставен на изгонувањето на Адам и Ева од рајската градина, настан кој ни покажува колку далеку сме паднале во гревот и сме се одвоиле од Бога. На почетокот на Великиот пост, период на интензивно постење, оваа недела нè потсетува на нашата потреба од Божјото простување и ги води нашите срца, умови и духовни напори на патот за враќање кај Него со покајание. Библискиот расказ Неделата на простувањето, последната од подготвителните недели пред Великиот пост, има две теми. Првата; го споменува изгонувањето на Адам од Рајот и ја нагласува нашата потреба од простување. Очигледни се причините, зошто нашето внимание треба да биде насочено кон овие две теми додека сме на прагот на Вел

Човекот како богочовек

Image
Протопрезвитер Георгиј Лекас Ќе бидеме вечно со Христос ако го стекнеме „Христовиот ум“ додека живееме во овој  свет. Христос сиот е Љубов кон Својот Отец и во секоја личност Тој ја гледа Својата слика (икона, image). Тој дојде во светот да го освои дури и најлошиот човек, што значи дека не е рамнодушен кон никого од нас. Тој ја нема предвид бојата на кожата, јазикот на којшто некој зборува, социјалното потекло, економскиот статус, верувањата, затоа што во секого од нас гледа мал, потенцијален богочовек.  Богочовекот Исус Христос дојде во светот за да може секое човечко битие да се соедини со Него, зашто никој од нас не му е туѓ. Неговата Љубов ги опфаќа сите и сака да ги придобие дури и оние што Го распнале. До болка се грижи за секого и не сака да изгуби никого, бидејќи во секого од нас гледа дел од Неговото Тело. Тој сака Неговото Тело да расте секојдневно, така што никој веќе да не остане сам. Ако не беше  спречен од фактот дека секој од нас е слободен, би нѐ спасил сите одеднаш. Н

Недела на Страшниот суд

Image
Во изминатите две недели од овој претпосен период, богослужбениот фокус беше на Божјото трпение и неограниченото сострадание (сочувство), на Неговата подготвеност да го прифати секој грешник кој со покајание ќе се врати кај Него. Оваа недела пред нас ја поставува есхатолошката димензија на Великиот пост: тој е подготовка за Второто доаѓање на Спасителот, за вечната Пасха (премин) во идниот век, тема која е во фокусот и на првите три денови од Страдалната седмица. Во оваа трета недела, со силна евангелска парабола се потсетуваме на една дополнителна вистина: никој не е толку трпелив и милостив како Бог, но дури и Тој не им простува на оние што не сакаат да се покајат. Бог на љубовта е и Бог на праведноста, а кога Христос повторно ќе дојде во слава, Тој ќе дојде како наш Судија.

Простувањето од Таткото: Разбирање на параболата за блудниот син

Image
И рече: „Еден човек имаше два сина. Помладиот од нив му рече на татка си: »Татко, дај ми го делот што ми припаѓа од имотот!« И таткото им го раздели имотот. По неколку дена, помладиот син, кога собра сe, отиде во далечна земја и таму го потроши својот дел, живеејќи блудно. И откако потроши сe, настана голем глад во таа земја и тој се најде во мака; па отиде при еден човек во таа земја и се погоди, и тој го прати во своето поле да пасе свињи. И страден беше да го наполни својот стомак со рокчиња што ги јадеа свињите, но никој не му ги даваше. А кога дојде на себеси, рече: Колку наемници при татка ми имаат леб во изобилие, а јас, пак, умирам од глад. Ќе станам и ќе отидам при татка си и ќе му речам: »Татко, згрешив против небото и пред тебе, и не сум веќе достоен да се наречам твој син; но прими ме како еден од своите наемници«. Па стана и отиде при татка си. И кога беше уште далеку, го виде таткото негов и се сожали на него, па потрча, го прегрна и го целива. И синот му рече: »Татко, зг

Грција ги легализираше истополовите бракови. Дали наскоро ќе им се придружат и другите православни земји?

Анализа на Associated Press за истополовите бракови во православните земји Грција стана првата мнозинска православна христијанска нација која ги легализираше истополовите бракови според граѓанското право. Барем во блиска иднина, речиси сигурно ќе биде единственaтa. Источната православна црква, и покрај тоа што нема единствен авторитет како папата, е обединета во спротивставувањето на признавањето на истополовите врски и во рамките на своите обреди и во граѓанското владеење. Јавното мислење во мнозинството православни земји, исто така, главно беше спротивставено. Но, има некои знаци на промена. Две мали мнозински православни земји, Црна Гора и Кипар, овластија истополови заедници во последниве години, како и Грција во 2015 година пред да го надгради целосниот брачен статус оваа недела. Граѓанските синдикати може да станат почести меѓу православните земји кои гравитираат кон Европската унија. Тие остануваат надвор од Русија, која го забрани LGBTQ+ изразувањето, и земјите во нејзината фед