Христовото Преображение и нашето преображение
Архимандрит Јаков (Канакис) Денес е голем Господов празник, Преображение на Христос Спасителот. Ќе кажеме неколку зборови за празникот врз основа на она што го пишува Евангелието. Малку време пред Неговото распнување, Христос поведе тројца од Своите ученици − Петар, Јаков и Јован, на високиот рид наречен Тавор и се преобрази пред нив. Неговото лице стана светло како сонцето, а облеката − бела. Лево и десно од Него се појавија две личности од Стариот Завет, Мојсеј и Илија, кои ги претставуваа Законот и Пророците, соодветно. Учениците не можеа да ја поднесат светлината и паднаа на земја (Педесетница сè уште не се беше случила). Еден од нив, Петар, го праша Христос дали може да постават шатори и да останат таму. Потоа облак светлина ги зафати и се слушна глас од небото - ист како што беше слушнат на Богојавление: „Овој е Мојот возљубен Син, Кој е по Мојата волја, Него послушајте го“. Кога учениците паднаа на земја од страв, Исус им рече: „Станете и не бојте се“. Кога ги отворија очите, н...