Posts

Showing posts from January, 2024

За вистинската и лажната соборност. Каде води еклисиологијата на критскиот „Велик собор“?

Павел Кузенков Околностите на свикувањето и резултатите од „Светиот и Велик Собор“ кој беше одржан на Крит, 2016 г., кој претендира на сеправославен статус, а фактички е собрание на делегации на 10 од вкупно 15 помесни православни цркви, сосема очекувано ја предизвикаа потребата да се заштити традиционалната православна еклисиологија, зашто пред наши очи се случува радикална реформа во областа на црковното битие. Од историјата на плановите за новиот Вселенски собор Идејата за нов Вселенски Собор почнала активно да се развива во православниот свет во втората половина на XIX и во почетокот на XX век. Многу видни црковни луѓе од странство и од Русија беа воодушевени од тој проект. Тие мислеа дека таквиот Собор ќе внесе свеж воздух во животот на Православната црква, дека ќе помогне да се надминат насобраните проблеми и ќе даде нови перспективи. Но, набргу стана јасно дека реализирањето на таквиот проект доведува до мноштво теоретски прашања, поврзани со тоа, на кој начин и дали воопш

Богатото момче го сретнува Христос (Лука 18,18-30)

Архимандрит Захарија Захару Како може да ја наследиме вечноста? - тоа е најважното прашање во нашето минливо постоење. Верниот христијанин го поставува ова прашање со желба да го подготви своето срце да го прими вечниот Живот, кој доаѓа и зема тело за да го спаси светот. Со ова прашање, тој се претставува пред Бога и пред Неговите слуги. Никој не доаѓа во Црквата само за да биде добар човек, да стекне беспрекорно однесување или да ја исполни својата религиозна должност. Кон Црквата пристапуваме за да го посееме семето на бесмртноста и да ги примиме првите плодови на вечниот живот. Вечниот живот е енергијата на Самиот Бог, со која човекот мора да има постојан контакт уште од овој сегашен живот. Бог е единствениот кој е добар и вечен, а секој што се причестува со Неговата енергија станува и добар и вечен по благодат.

Разбирањето на „вселенскоста“ во православната традиција

Книгата „ Првенството на Константинопол. Факти против митови “, е посветена на проблемот на современите меѓуцрковни односи. Автор е историчарот - византинист Павел В. Кузенков. Павел Владимирович Кузенков дипломирал на Московскиот државен технички универзитет Н.Е. Бауман, во 1992 г. Од 1993 до 1999 г. студирал на Историско-филолошкиот факултет на Рускиот православен универзитет (институт) Св. Јован Богослов и се здобил со квалификација „Историчар. Предавач“.  Од 1998 до 2006 г. работел во Црковниот научен центар Православна Енциклопедија. Во 2000–2006 г. предавал на Православниот хуманитарен универзитет Свети Тихон (ПСТГУ) на историскиот и на теолошкиот факултет, предавал историјата на Византија и историја на древната Црква. Во 2006 г., на Институтот за општа историја на Руската академија на науките, ја одбранил кандидатската дисертација на тема: „Христијански хронолошки системи“. Област на научни интереси: историска хронологија, византиска хронографија, историја на Византија, руско-в