Posts

Showing posts from February, 2024

Грција ги легализираше истополовите бракови. Дали наскоро ќе им се придружат и другите православни земји?

Анализа на Associated Press за истополовите бракови во православните земји Грција стана првата мнозинска православна христијанска нација која ги легализираше истополовите бракови според граѓанското право. Барем во блиска иднина, речиси сигурно ќе биде единственaтa. Источната православна црква, и покрај тоа што нема единствен авторитет како папата, е обединета во спротивставувањето на признавањето на истополовите врски и во рамките на своите обреди и во граѓанското владеење. Јавното мислење во мнозинството православни земји, исто така, главно беше спротивставено. Но, има некои знаци на промена. Две мали мнозински православни земји, Црна Гора и Кипар, овластија истополови заедници во последниве години, како и Грција во 2015 година пред да го надгради целосниот брачен статус оваа недела. Граѓанските синдикати може да станат почести меѓу православните земји кои гравитираат кон Европската унија. Тие остануваат надвор од Русија, која го забрани LGBTQ+ изразувањето, и земјите во нејзината фед

Во што е гревот на фарисејот?

 „А на оние, што беа уверени во себе дека се праведни, и ги презираа другите, им ја кажа оваа парабола: Два човека влегоа во храм да се помолат; едниот фарисеј, а другиот митар. Кога застана, фарисејот вака се молеше во себе: Боже, Ти благодарам што не сум како другите луѓе: разбојници, несправедливи, прељубодејци, или како овој митар. Постам двапати во седмицата, давам десеток од сè што придобивам. А митарот стоеше оддалеку; не смееше дури (н)и очите да ги подигне кон небото, туку се удираше в гради и велеше: Боже, биди милостив спрема мене грешниот! Ви велам: дека тој си отиде дома повеќе оправдан, отколку оној; зашто секој што се воздига, ќе биде понизен, а кој се понизува ќе биде воздигнат” (Лк 18, 9-14). Познатата парабола за митарот и фарисејот, со која започнува подготовкaтa за Великиот пост, ни предложува да размислуваме за многу прашања. Едно од нив е: Во што се состои вината на фарисејот? Фарисејството е многу подмолно, во црковната свест продира постепено, незабележливо

Податоци за св. Ѓорѓи Кратовски од Православна енциклопедија

Во 1539 г. во П'сков, според раскажувањата на монасите Прохор и Митрофан, кои во Русија пристигнале од Света Гора, „монахот и презвитер“ Илија составил „Повест за Георгиј Нови“. Повеста ја редактирал митрополитот Новгородски Макариј (подоцна митрополит Московски), во чие време, на Собор во Москва, 1549 г., Ѓорѓи Кратовски бил вброен во соборот на светите. * * * По сите мачења, едвај жив, Турците го фрлиле св. Ѓорѓи Кратовски во оган. Светото мачеништво се случило на 26 мај 1514 г. За да не можат христијаните да го пронајдат неговото тело и да го прогласат за свети мошти, мачителите го фрлиле во куп со трупови од животни. Упокоението на св. Ѓорѓи Кратовски било придружено со чуда и знаменија, од кои Турците се исплашиле и се разбегале. Телото на св. Ѓорѓи Кратовски го откупил некој протопоп чие име не е познато, кој за сето тоа што се случило му раскажал на софискиот митрополит Јеремија. Митрополитот, остатоците од телото на светиот, кои на чудесен начин останале неповредени од огно

Празникот Сретение Господово и нашите духовни предизвици

Архимандрит Григориј (Константину) На празникот Сретение Господово, Црквата нè поттикнува и охрабрува да се справиме со духовните предизвици со кои се соочуваме секојдневно како дел од нашиoт немир заради животните грижи. Влегувањето на Христос како Богомладенец во Соломоновиот храм, четириесет денови по Рождеството, открива дека „детето“ е спасението и светлината на сите народи, според пророчките зборови на пророкот Симеон и предвидувањата на пророчицата Ана. Читањето на Апостолот, од Посланието до Евреите, нè потсетува дека оној што влегува во храмот на овој ден е Големиот Првосвештеник кој се принесе на крстот и кој ја уништува силата на гревот и смртта преку своето славно Воскресение. Ова потсетување е наш водач на патот кон животот во Христа, што ќе ни овозможи да влеземе во небесниот олтар и во заедница со нашиот Троичен Бог. А, што значи ова?

Животот како очекување на Христовото доаѓање

Архимандрит Теодосиј Марцукос Во животот на старецот Симеон, кој на своите раце го примил Исус Христос, доминирало очекувањето на тој момент. Тој чекал и потоа Го сретнал, Го прифатил Христа во својата прегратка. А, дали ние Го чекаме? Дали нашиот живот е очекување на Христовото доаѓање? Симеон трпеливо Го чекал Христос Кој бил содржината и убавината на неговиот живот? За жал, фокусот на нашите животи го префрливме на друго место. Имаме различни приоритети. Како некој го сретнува Христос? [Името на празникот на грчки значи „да излезеш за да пречекаш некого“] Кои се неопходните услови за средба со Него? Што очекуваме од Него?

Света Гора за законот за „брак“ на истополовите парови во Грција

По повод поднесувањето за гласање на предлог-законот наречен „Еднаквост во граѓанските бракови – измена на Граѓанскиот законик и други одредби“ од грчкиот парламент, четириестмината игумени и претставници на светите манастири на Света Гора се состанаа во Кареја на 8 февруари 2024 г. и заради големата и особена сериозност на темата, решија да го издадат ова соопштение, испраќајќи ја својата порака до сите добронамерници, за да ја поддржат борбата на Црквата за зачувување на суштината на човечкиот живот.

Вселенски патријарх: историја на една титула

Павел Кузенков На сите ни е позната целосната титула на претстоителот на првата, според диптихот, помесна православна црква: „Архиепископ на Константинопол – Новиот Рим и Вселенски патријарх“. Би се рекло дека на сите им е јасно дека зборот „Вселенски“ овде не е нешто повеќе од помпезна византиска титула, трага од почитта кон древната традиција. Инаку, според православното учење, никој – освен Самиот Христос – нема „сесветска  јурисдикција“: како што апостолите во братска еднодушност, но самостојно и независно ја воделе својата богозаповедана мисија, така и помесни цркви, кои тие ги основале, се сестри соединети во Светиот Дух како делови на едната Света, соборна и апостолска Црква. Но, сосема поинаку ја разбираат таа титула луѓето кои се далеку од финесите на канонското право и не се запознаени со црковната историја. Во нивната идеја која што се оддалечува од основното значење на зборот „вселена“, таа титула на првиот од патријарсите е официјално признавање на него како лидер на светс

Сумирани ставки за некои основни црковно-правни термини

Киријархална црква и црква мајка •  Киријархална црква [од грч. κύριος - господин, ἀρχή - начело, управување]   е црковно-правен термин со кој се означува автокефалната црква во однос на автономната црква и на другите самоуправни цркви и егзархати во нејзина зависност. • Термините „киријархална црква“ и „црква мајка“ имаат различно значење. На црквата мајка во однос на црквата на која ѝ доделува автокефалност ѝ престанува статусот на киријархална црква.

Проблемот со апостолското преемство на „архијереите на Православната црква на Украина“

Воведна белешка Од 90-тите години постоеја три украински цркви: Украинската православна црква на Московската патријаршија (УПЦ МП), Украинската православна црква на Киевската патријаршија (УПЦ КП), Украинската автокефална православна црква (УАПЦ). УПЦ МП чиј претстоител е митрополитот Киевски и на цела Украина е основана во 1990 г. од Архијерејскиот собор на РПЦ како независна и самостојна црква во рамките на Московската патријаршија. УПЦ КП е формирана во 1992 г. по неуспешниот обид на тогашниот претстоител на УПЦ МП, митрополитот Филарет (Денисенко) да добие целосна независност на украинската црква. Во 1997 г. тој беше анатемисан од Руската православна црква. УАПЦ има своја историја од 1917 г.. Во 1930 г. прогласи самораспуштање, а во 1989 г. ја обнови легалната активност во Украина. Во 2018 г., беше основана Православната црква на Украина. Формирана е врз основа на две неканонски цркви - Украинската автокефална православна црква (УАПЦ) и Украинската православна црква на Ки

За месијанството на Спасителот и ерихонскиот слепец

Епископ Силвестер (Стојчев) Денес читавме евангелски дел кој раскажува за исцелувањето на слепец што просел милостина во близина на градот Ерихон. Светото Писмо не ни дава детали, каков човек бил тој; за неговото потекло, занимање, причини за губење на видот, неговиот животот пред да ослепи, туку само појаснува дека просел милостина. Слепило и сиромаштија - најстрашната ситуација, во која се нашол овој несреќен човек. И така тој, обвиен во темнина, одеднаш слуша гласови на многу луѓе. Откако ги прашал луѓето, што се случува, слепиот добил одговор: „Доаѓа Исус Назареецот“ (Лука 18:37). Тој веднаш почнал да вика. Евангелистот јасно укажува дека слепиот не зборувал гласно, туку буквално викал. Дури и здрав човек со голем напор можел да се протурка поблиску до Господа низ тој жив ѕид. А, што може да направи толку слаб човек, не гледајќи каде да зачекори, кој може да се препне и да падне од најмалиот камен или нерамнина? Може само да вика. Да вика толку што неговиот глас да се чуе над сит