Posts

Showing posts from September, 2023

Твоето раѓање, Богородице Дево, радост му возвести на целиот свет...

Image
Архимандрит Ефрем, игумен на манастирот Ватопед, на Света Гора Атонска  ❈  Богородичните празници ја врамуваат црковната година; таа започнува со празникот Раѓање на Богородица, а завршува со празникот Положување на чесниот Појас на Богородица. Богородица Патоводителка, ман. Ватопед, XIV в . Денешниот ден е причина за духовна радост и веселба, драги мои браќа и отци, затоа што денес го славиме раѓањето на приснодева т.е. секогаш-девствената и богоносна Марија, тој најмиризлив цвет што изникна „од коренот на Јесеј“. Го славиме „роденденот на општата радост“, кој е „влезот на сите празници и вовед во Христовото таинство“, според свети Андреј Критски. Раѓање кое стана посредник на повторното раѓање, на преродбата и на обновувањето на сите нешта. Денеска се раѓа таа која ќе го роди, во времето и на неразбирлив и чудесен начин, безвременскиот и предвечен Бог Слово, Творецот и Спасител на светот.

Рождество на Пресветата Владичица наша Богородица и Секогаш-дева Марија

    (Тропар, глас 4) Твоето раѓање, Богородице Дево, радост му возвести на целиот свет, зашто од Тебе изгреа Сонцето на правдата – Христос, Бог наш; и откако ја урна клетвата, ни даде благослов; кога ја уништи смртта, ни даруваше вечен живот. (Кондак, глас 4) Јоаким и Ана од срамот на бездетноста, и Адам и Ева од смртната пропадливост: се ослободија Пречиста, во твоето свето раѓање. Затоа празнуваат и твоите луѓе, кои се избавија од вината на прегрешенијата, со воскликнување: Неплодната ја раѓа Богородица и Хранителка на нашиот Живот.