Posts

Showing posts from March, 2025

Основи на Социјалната концепција на Руската Православна Црква

Image
Овој документ, донесен од Светиот Архиерејски Синод на Руската Православна Црква, ги дава основните ставови на нејзиното учење по прашањата на црковно-државните односи и по ред современи општествено значајни проблеми. Документот исто така ја изразува официјалната позиција на Московската Патријаршија во сверата на взаемните односи со државата и светското општество. Освен тоа, тој дава ред на раководечки принципи, кои се применуваат во даденава област од страна на епископатот, клирот и мирјаните. Карактерот на документот е определен од потребите на Полнотата на Руската Православна Црква во текот на долг историски период на канонската територија на Московската Патријаршија и надвор од неа. Затоа негов основен предмет се фундаменталните богословски и црковно-социјални прашања, а исто така оние страни од животот на државите и општествата кои биле и остануваат еднакво актуелни за целата црковна Полнота на крајот од XX век и во блиското минато. Основни богословски поими I .1. Црквата...