Недела на сите свети. Дали сакаме да бидеме свети?

Неделата на сите свети следува по Неделата на Педесетница и е последен ден во книгата Цветен Триод или Пентикостар. Со него се затвора циклусот на подвижни празници кој започнува со почетокот на Триодот, го вклучува Великиот пост, Страдалната седмица, Велигден и се протега низ целиот Цветен триод. Вкупно, 18 недели. Од денеска се враќаме на фиксниот годишен циклус на празници. Во секојдневните црковни служби почнуваат да се читаат Евангелието по Матеј и посланијата на Свети Павле. Апостолскиот (петровденскио т ) пост, започнува во понеделникот по Неделата на сите свети. Така, „На овој ден го славиме празникот на сите свети низ целиот свет, во Азија, Либија и Европа, на север и на југ“ [како што се вели во Синаксарот за празникот]. Празникот на сите свети е поставен непосредно по Неделата на Педесетница и слегувањето на Светиот Дух , со цел Црквата веднаш да ги покаже плодовите од Неговото живо присуство, од Неговата активност. Светиот Дух ги осветува луѓето. Тој е изворот на осв...