Клирик на Фанар од УПЦ-КП (Украинска православна црква – Киевски патријархат): Мене ме преракоположија, зошто ПЦУ (Православна црква на Украина) ја примија со чин?

Свештеникот се прашува: зошто во 2004 г. него, како клирик на УПЦ КП го ракоположиле во Константинополската црква како да е мирјанин, а членовите на УПЦ КП и УАПЦ (Украинска автокефална православна црква) ги примија во чинот што го имаа.

Свештеникот на Шпанската и Португалска митрополија на Фанар, Тарасиј  Петруњак, во интервју за Диалог.тут раскажа дека во 2004 г., кога тој бил клирик на УПЦ КП, го примиле во клирот на Константинополскиот Патријархат преку ракополагање. Тој се прашува: зошто во 2018 г. клириците на УПЦ КП и УАПЦ, кои се наоѓаа во истиот статус, на Фанар ги нарекоа канонски свештеници.

„Во 2004 г. јас бев свештеник на Киевскиот Патријархат. Притоа, кога побарав да бидам во јурисдикцијата на Константинополскиот Патријархат, мене ми одговорија: „Вашето ракополагање не е исполнето со благодатта на Светиот Дух“.  Затоа мене ме примија како мирјанин и ме ракоположија како законит свештеник веќе во крилото на Константинополската Црква“, - раскажа свештеникот и напомна дека во 2018 година патријархот Вартоломеј ги прими клириците на УПЦ КП и УАПЦ (кои имаа ист таков канонски статус како и тој во 2004 г.) „како свештеници“.

„Според 68-то Апостолско правило и 36-то и 59-то правило од Картагенскиот Собор, никој не може да биде ракоположен по втор пат во истиот степен. Ако свештенството било законски ракоположено, и некој извршува над него хиротонија по втор пат, тогаш се лишува од чинот и оној кој ракополага и оној, над кого се извршила повторната тајна“, - вели тој.

Свештеникот се прашува: „Во кој момент хиротонијата на бившиот Киевски Патријархат се исполни со благодат?“

„Ако тие од самиот почеток биле исполнети со Светиот Дух, значи мене треба да ме лишат од чинот како двапати ракоположен, - вели о. Тарасиј. – Ако хиротониите на претставниците на УПЦ КП исто, како и мојата, биле недејствени, тогаш зошто не ги примија во јурисдикцијата на Константинопол како мирјани?“

Comments

Popular posts from this blog

Што се тоа уроци? Дали нечиј поглед може да има пресудно влијание на друг човек?

Во што е гревот на фарисејот?

Божикно послание од Митрополитот Кумановско-осоговски г. Григориј