Фински психијатар: Менувањето на полот излезе од контрола
Психијатарот рекла дека децата или нивните мајки ги принудуваат да прифатат процедури за промена на полот и да земаат лекови за промена на полот.
Финскиот психијатар Ритакерту Калтиала изјавила дека операциите за промена на полот, како и употребата на блокатори на половото созревање излегле од контрола, пишува The Free Press.
Ритакерту Калтиала, која се смета за една од пионерите на т.н. транс-медицина - каде на пациентите, на нивно барање, им се даваат хормони и се оперираат за да изгледаат како спротивниот пол - го критикувала фактот дека во здравствените системи во Западна Европа и САД доминираат транс-активисти.
Таа изјавила дека „менувањето на полот излегло од контрола“ и дека постои „опасно групно мислење“ што доведува до тоа, децата или нивните мајки да бидат принудувани да прифатат процедури за промена на полот и да земаат ризични лекови што го менуваат полот.
Таа истакнува дека притоа „не се зема предвид фактот дека кај големо мнозинство деца со полова дисфорија – околу 80% – дисфоријата исчезнува сама по себе“.
Превод: протојереј Антониј Петрушевски
Психијатар: Малолетници сакаат да го сменат полот после запознавањето со ЛГБТ – идеологијата
Финскиот психијатар Ријтакерту Калтиала изјавила дека поголемиот дел од малолетниците кои одлучуваат да го сменат полот, таа одлука ја донеле по запознавањето со ЛГБТ-идеологијата, соопштува изданието The Free Press.
Ритакерту Калтиала, која се смета за една од пионерите на т.н. транс-медицина, раскажа за истражувањата на холандски доктори кои во 2011 г. објавиле статија во која се вели дека, „ако младите луѓе со гендерна дисфорија (тоа е кога човекот е под стрес затоа што припаѓа на одреден пол – заб. на прев.) би можеле да го избегнат природното полово созревање, блокирајќи го со помош на фармацевски препарати и со примање на хормони од спротивниот пол, тие би можеле да започнат да го живеат својот трансгендерен живот“.
Тоа истражување, кое стана познато како „Холандски протокол“, опишува експеримент со учество на малку млади луѓе (скоро сите машки), кои од рани години тврделе дека се девојчиња.
„Внимателно избраните пациенти, не сметајќи го гендерното растројство, биле психички здрави и високофункционални“, а „холандските доктори изјавиле дека, по раното интервенирање (медицинско – заб. на прев.), тие луѓе станале претставници на спротивниот пол“, - пишува Калтиала.
Во статијата на финскиот психијатар се напомнува дека „Холандскиот протокол“ бил „бргу прифатен на меѓународно ниво како златен стандард во лечењето на таа нова област од педијатриската гендерна медицина“ и истовремено со тоа „се појави движењето на активистите кои промената на полот ја прогласуваат, не само за медицинска процедура, туку за право на човекот“.
Сепак, оние малолетници кои започнале со „гендерна терапија“ во финските болници, „никако не биле такви какви што ги опишувале холанѓаните“.
„Ние очекувавме малку момчиња кои упорно изјавуваат дека се девојчиња. Наместо тоа, 90 проценти од нашите пациенти беа девојчиња, воглавно од 15 до 17 години, поголемиот дел од кои страдаа од тешки психички болести“ – пишува Калтиала. Психијатарот вели дека некои од нив потекнувале од семејства со мноштво психосоцијални проблеми.
Калтиала пишува дека „поголемиот дел од нив имале комплицирано рано детство со тешкотии во развојот, со силни изливи на гнев и социјална изолација. Многумина од нив имале проблеми со учењето, биле осамени и затворени. Имале депресија и тревожност, некои имале пореметено хранење, многумина се занимавале со самоповредување, кај некои имало психотични епизоди“. Многумина имале растројства од аутистичниот спектар“.
„Забележително е дека само малкумина од нив изразувале некаква гендерна дисфорија сѐ додека не објавиле за тоа на млада возраст. Тие доаѓаа кај нас затоа што на нивните родители, обично на мајките, некој од ЛГБТ - организацијата им зборувал дека гендерниот идентитет е вистинскиот проблем на нивното дете или пак, детето на интернет видело нешто за предностите на менувањето“, - пишува Калтиала.
Во статијата на Калтиала се вели дека „во текот на првите неколку години од постоењето на клиниката, гендерната медицина бргу се исполитизирала“, и „ретко се поставувале прашања за тоа, што зборувале активистите, меѓу кои имаше и медицински работници“.
„Се разбира, не постои механизам со чија помош високите високите дози на хормони ќе помогнат да се излечи аутизмот или кое било друго психичко заболување“, - пишува понатаму психијатарот и забележува дека „започнала да им раскажува за нашите набљудувања на мрежите од професионалци во Европа“.
Според зборовите на Калтиала, „сите имале работа со ист број на девојчиња со мноштво психички проблеми. Тоа ги вознемирило колегите од различни држави, и многумина рекле дека за нив е олеснување да дознаат дека нивното искуство не е уникатно“.
Превод: свештеник м-р Филип Станковски
Comments
Post a Comment