Од Божикното послание на Макариј, архиепископ на Австралија
Една од ересите со кои се соочувала нашата Црква низ вековите била и онаа на „докетизмот“; односно верувањето дека Бог Словото, при Неговото Раѓање, не ја примил целата човечка природа во суштина и во реалноста, туку тоа го направил само привидно. Ова означува негирање на божественото Воплотување, а со тоа и поништување на божествената Икономија за спасение на човечката личност.
За жал, во наше време, многу христијани се карактеризираат со такво „неодокетистичко“ разбирање, до таа мерка што нивните животи воопшто не сведочат за фактот дека Синот Божји се воплотил „од Светиот Дух и Дева Марија“ за да ни даде нова и единствена перспектива на постоењето.
Би рекле дека денешниот „докетизам“ е лажната и илузорна „виртуелна реалност“ на социјалните медиуми и сајтовите за социјално вмрежување, кои на крајот промовираат изолација и раскинување на општествените и емоционалните врски со другите луѓе.
Истовремено, оваа „виртуелно-докетистичка реалност“ на социјалните мрежи ја нарушува нашата вера во Воплотениот Бог, бидејќи човечката личност се чувствува семоќна во лажниот свет што го создале со „наводната“ моќ што ѝ е дадена од безличниот и бездушен електронски уред, кој ги држи далеку од реалниот живот.
Затоа, во нашиот густо населен свет доминира чувството на осаменост. Станува збор за осаменост, која не е само емоционална или психолошка, туку првенствено е онтолошка, бидејќи може да се излечи само со присуството на Бог, Кого светот на „виртуелната реалност“, за жал, се обидува да го оддалечи.
Comments
Post a Comment