Од Божикното послание на Ероним, архиепископот Атински и на цела Грција
Факт е дека во последните децении Божик за повеќето луѓе добива поинаква нијанса. Домовите и продавниците се украсуваат сѐ порано. Празничната сцена ја сочинуваат новогодишни елки, елени, светилки... И веројатно, дебелиот Дедо Мраз во црвена облека.
Телевизијата упорно рекламира нејасен „божикен дух“ – чудо што, небаре со магија ќе ги реши сите наши проблеми и ќе донесе среќа на нашите собири, заменувајќи ја Божествената литургија.
„Сепак, сјајот на Божик нема никаква врска со ништо од ова. А, „чудото“ нема ништо заедничко со западната конструкција на индивидуална среќа. Среќа која мора да ја чувствуваме. За да ја почувствуваме пак, принудени сме да консумираме сѐ повеќе и повеќе материјални добра. Но, ова носи уште поголема празнина и депресија.
„Чудото е Раѓањето Христово; Бог стана човек. И со Неговото воплотување, во историјата започна обновувањето на светот.
Христос никогаш не зборувал за среќа во термините што ги спомнавме. Тој е роден во сиромаштија и темнина (obscurity), бидејќи сакал да покаже дека вистинската смисла се наоѓа во односот меѓу човекот и Бога.
„Колку што е посилен тој однос, толку помалку потребни на човекот ќе му бидат сите тие илузии. Комерцијалното нагласување на прославата е во спротивност со нејзиното значење. Потрагата по среќа во материјалните добра е залудна. Ова се пресудни (critical) времиња.
„Како христијани, должни сме, преку нашиот начин на живот, да го зачуваме вистинското значење на Божик. А тоа е дека Бог и човекот не се во конфликт“.
Извор: https://www.thenationalherald.com/message-of-archbishop-ieronymos-of-athens-and-all-greece/
Comments
Post a Comment