Човекот како богочовек

Протопрезвитер Георгиј Лекас

Ќе бидеме вечно со Христос ако го стекнеме „Христовиот ум“ додека живееме во овој  свет. Христос сиот е Љубов кон Својот Отец и во секоја личност Тој ја гледа Својата слика (икона, image). Тој дојде во светот да го освои дури и најлошиот човек, што значи дека не е рамнодушен кон никого од нас. Тој ја нема предвид бојата на кожата, јазикот на којшто некој зборува, социјалното потекло, економскиот статус, верувањата, затоа што во секого од нас гледа мал, потенцијален богочовек. Богочовекот Исус Христос дојде во светот за да може секое човечко битие да се соедини со Него, зашто никој од нас не му е туѓ. Неговата Љубов ги опфаќа сите и сака да ги придобие дури и оние што Го распнале. До болка се грижи за секого и не сака да изгуби никого, бидејќи во секого од нас гледа дел од Неговото Тело. Тој сака Неговото Тело да расте секојдневно, така што никој веќе да не остане сам. Ако не беше  спречен од фактот дека секој од нас е слободен, би нѐ спасил сите одеднаш.

Никој не може да слезе пониско од Господ, затоа што Тој, иако безгрешен, ги зеде на своите раменици гревовите на сите луѓе, без исклучок, сѐ до последниот што ќе се роди на овој свет, пред Неговото Второ доаѓање. Тој нè создал како Свој „образ (икона, слика, image)“ во Рајот и го откупи нашиот пад со Својата крв, за никој да не биде изгубен. Тој ги гледа Неговите икони (образи, слики, images) во сите нас, и сега нам ни останува да го видиме Неговиот лик (образ, слика, image) во секого.

Оној што почнал да го гледа во другите ликот на Христос којшто Христос го гледа во нив, тој започнал да го стекнува „Христовиот ум“. Веќе никој не му е туѓ. Грдите, валканите, болните или бездомниците, сега се негови (блиски), исто колку и тој самиот на себе, бидејќи на  Неговиот Свет Крст сите нас нѐ прегрна истиот Бог. Никој веќе не може да се смета себеси за безначаен (inferior), бидејќи истиот Христос умре за сите нас. Кој ќе почне да го  стекнува „Христовиот ум“, го гледа секој човек како составен (integral) дел од своето јас и сака секој да го има она што му е потребно, така што, ако е можно, ниту еден да не загине.

Синот Божји дојде во светот како Богочовек за да сподели со секој човек сè што има. Она што го дава Бог не престанува, туку се зголемува во сите нас. Ќе заврши само она што не го даваме, а она што го споделуваме се умножува вечно. Чудото со петте лебови и двете риби не е посебен случај, туку нормална состојба на материјата кога е во служба на Божјата љубов кон човекот.

Секаде каде што ја има Божјата љубов, не може да има завидливост, бидејќи, што и да е доброто што го поседува некоја друга личност – која е наша колку што сме свои и самите ние – за нас е уште една можност да го славиме Бога. Сега секој човек може да биде наш, исто колку (што е наш) и Богочовекот.

Превод: протојереј-ст. А.П. Извор: https://orthodoxtimes.com/fr-georgios-lekkas-man-as-god-man/

Comments

Popular posts from this blog

Што се тоа уроци? Дали нечиј поглед може да има пресудно влијание на друг човек?

Во што е гревот на фарисејот?

Божикно послание од Митрополитот Кумановско-осоговски г. Григориј