Недела Прочка (Сиропусна недела)

Вовед

Неделата Прочка е последната недела пред почетокот на Великиот пост. Богослужбите на Црквата во претпосниот период вклучуваат химни од Триодот, литургиска книга која ги содржи богослужбите од Неделата на митарот и фарисејот – десетта пред Пасха (Велигден), до Велика и Света Сабота. Во Неделата Прочка фокусот е ставен на изгонувањето на Адам и Ева од рајската градина, настан кој ни покажува колку далеку сме паднале во гревот и сме се одвоиле од Бога. На почетокот на Великиот пост, период на интензивно постење, оваа недела нè потсетува на нашата потреба од Божјото простување и ги води нашите срца, умови и духовни напори на патот за враќање кај Него со покајание.

Библискиот расказ

Неделата на простувањето, последната од подготвителните недели пред Великиот пост, има две теми. Првата; го споменува изгонувањето на Адам од Рајот и ја нагласува нашата потреба од простување. Очигледни се причините, зошто нашето внимание треба да биде насочено кон овие две теми додека сме на прагот на Великиот пост. Една од основните слики во Триодот е сликата на враќањето во Рајот. Великиот пост е време кога плачеме со Адам и Ева пред затворената рајска порта, покајувајќи се заедно со нив за гревовите што нè лишиле од слободното заедничарење со Бога. Но, Великиот пост е и време кога се подготвуваме да го прославиме спасоносниот настан на Христовата смрт и Неговото воскресение, кое повторно ни го отвори Рајот (Лк 23, 43). Така, тагата за нашето прогонство во гревот е ублажена со надежта за наше повторно влегување во Рајот.

Втората тема; простувањето, е нагласена во евангелското читање за оваа недела (Мт 6,14-21) и во посебниот чин на меѓусебно простување, на крајот од Вечерната во неделата. Пред да го започнеме Великиот пост, се потсетуваме дека постот, покајанието, помирувањето со Бога, нема да бидат вистински, ако истовремено не сме се помириле еден со друг. Пост без взаемна љубов е постот на демоните. По патот на Великиот пост не патуваме како изолирани поединци, туку како членови на едно семејство. Нашиот подвиг и пост не треба да нѐ одвојуваат од другите, туку треба да ги зајакнуваат нашите врски со нив.

Неделата Прочка, исто така, нè упатува да видиме дека Великиот пост е патување за ослободување од нашето ропство на гревот. Евангелското четиво ги поставува условите за ова ослободување. Првиот услов е постот  одбивањето да ги прифатиме желбите и поривите на нашата падната природа како нормални, напорот да се ослободиме од диктатурата на телото и на материјата над духот. Меѓутоа, за да биде делотворен, нашиот пост не смее да биде лицемерен, т.е. за да се „покажеме“ пред другите. Мора „да се покажеш дека постиш не пред луѓето, туку пред својот Отец, Кој е во тајност“ (ст. 16-18).

Вториот услов е простувањето: „Ако им ги простите на луѓето нивните гревови, и вам ќе ви ги прости вашиот небесен Отец“ (ст. 14-15). Триумфот на гревот, главниот знак на неговото владеење со светот, е поделбата, спротивставувањето, раздвојувањето, омразата. Затоа, првото пробивање низ оваа тврдина на гревот е простувањето – враќањето кон единството, сплотеноста, љубовта. Да се прости, значи да се постави меѓу мене и мојот „непријател“ блескавото простување на Самиот Бог. Да се прости, значи да се отфрлат безнадежните „ќорсокаци“ на човечките односи и да се насочат кон Христос. Простувањето е навистина „пробив“ на Царството во овој грешен и паднат свет.

Иконата на празникот

Иконата на Неделата на Последниот суд ги вклучува сите елементи на параболата од Матеј (25, 31-46). Христос седи на престолот и пред него се извршува Страшниот суд. Тој со рацете ги благословува Богородица од десната страна и св. Јован Крстител од левата страна. На помали престоли седат апостолите, претставени од Петар и Павле, што е приказ на зборовите на Христос во Евангелието според Матеј 19, 28. (1.)

Иконата ги прикажува Адам и Ева како стојат пред Исус Христос. Пред да паднат во гревот преку непослушност, Адам и Ева биле благословени со прекрасно заедничарење и пријателство со Бога. Меѓутоа, тие биле искушани од ѓаволот којшто се појавил во облик на змија, да не го послушаат Бог и да јадат од дрвото за познавање на доброто и на злото (1 Мојс 2, 15-17).

Кога вкусиле од плодот и погрешиле, сфатиле дека се голи. Понатаму, кога „го чуја гласот на Господ Бог кога Он одеше низ рајот“...и се скрија „од Господовото присуство“ (3, 8). Иконата ги прикажува Адам и Ева како се обидуваат да се покријат со лисја од смоква, сакајќи да се скријат, а сепак, стојат посрамени пред Господа.

Поради нивната непослушност Господ ги изгони од градината. Иконата го прикажува архангелот Господов како ги изведува од Рајот, низ портата на Едем, каде што Бог постави „херувим и огнено оружје... да го чуваат патот кон дрвото на животот“ (3, 23-24). Адам и Ева се облечени во облека од кожа којашто Бог ја направил за нив (3, 20).

Православна христијанско прославување на Неделата Прочка

Неделата Прочка се одбележува со Божествена Литургија на св. Јован Златоуст, на која ѝ претходи Утрена богослужба. Во саботата навечер се служи Голема Вечерна. Химните од Триодот за овој ден се додаваат на вообичаените молитви и на химните на неделното празнување на Воскресението Христово. Името на неделата е земено од споменот на прогонството на Адам и Ева од Рајот и од евангелското читање на Божествената Литургија.

Читањата на Светото Писмо за Неделата на Страшниот суд се: На Утрената: пропишаното неделно евангелско читање. На Божествената Литургија: Римјаните 13, 11-14, 4, Матеј 6, 14-21.

Неделата на простувањето е позната и како Недела сиропусна. Ова е последниот ден кога може да се јадат млечни производи пред Постот. Постот започнува следниот ден, на Чист понеделник, првиот ден од Великиот пост. Вечерта на неделата Прочка, Црквата ја служи првата богослужба на Великиот пост, Вечерната на Прочка, богослужба која нè упатува на патот на покајанието и ни помага да ја осознаеме нашата потреба да добиеме простување од Бога и да бараме простување од нашите браќа и сестри во Христа. Тогаш првпат се чита великопосната молитва на св. Ефрем Сириски со поклонување до земја. На крајот од богослужбата, сите верни приоѓаат кон свештеникот и еден со друг се простуваат.

Православните христијани се поттикнати да влезат во Великиот пост со покајание и исповед, со присуствување на овие богослужби, да дојдат за Светата Тајна Исповед и да се посветат на богослужбата, молитвата и постењето во текот на великопосниот период. Првиот ден од Великиот пост, Чист понеделник, го означува почетокот на периодот на очистување од гревовите преку покајание.

Во саботата пред оваа седмица е втората од трите саботи - задушница. Ова е посебен ден кога Црквата служи Божествена Литургија и Панихида (парастос) за упокоените верници. Ова се смета за општ спомен на умрените. Преку парастосот, Црквата Му ги доверува на Бога сите кои умреле / се преставиле и кои сега го чекаат Последниот суд. Оваа посебна сабота е општо чествување на сите подвижници на Црквата, мажи и жени. На почетокот од Великиот пост се потсетуваме дека на ова патување ќе бидеме како членови на едно семејство, поддржани од застапништвото на светите.

Извор: https://orthodoxtimes.com/the-sunday-of-forgiveness-cheesefare/

Превод: протојереј-ставрофор А.П.

Comments

Popular posts from this blog

Што се тоа уроци? Дали нечиј поглед може да има пресудно влијание на друг човек?

Во што е гревот на фарисејот?

Божикно послание од Митрополитот Кумановско-осоговски г. Григориј