ПЦУ изразува „длабоко жалење“ поради игнорирање од Полската православна црква
На 3 февруари 2025 година, Синодот на ПЦУ изрази „длабоко жалење“ поради тоа што Полската црква ја игнорирала посетата на Думенко на Полска, за празникот Богојавление, во декември 2024 година. Соодветната порака беше објавена на официјалната веб-страница на ПЦУ.
Членовите на Синодот, исто така, „искажаа поддршка“ на повикот на Думенко до претстоителот на УПЦ за „дијалог без предуслови“, што водачот на ПЦУ ја изрази за време на говорот на „Европската консултација за праведен мир“, организирана од Конференцијата на европските цркви и Полскиот екуменски совет.
„Исто така, членовите на Синодот беа принудени да изразат длабоко жалење поради уште една демонстрација на недруштвен и пристрасен однос кон Православната црква на Украина од страна на водачите на Православната автокефална црква на Полска, чие раководство демонстративно игнорираше важна мировна екуменистичка средба“, се вели во соопштението на Синодот на ПЦУ.
Да потсетиме дека Полската црква официјално ја нарече „јерархијата“ на ПЦУ: лаици (т.е. мирјани, оние што не припаѓаат на црковниот клир). Клириците на ПЦУ се навредуваат, затоа што во Полската црква ги сметаат за самозванци (т.е. самонаречени, самопрогласени).
Comments
Post a Comment