Нова книга од Тавор – издавачка дејност на Кумановско-осоговската епархија: Првенството на Константинопол. Факти против митовите

Книгата Првенството на Константинопол. Факти против митовите е посветена на проблемот на современите меѓуцрковни односи, на политиката на Константинополската патријаршија која претендира на посебен статус меѓу помесните православни цркви. Преку историско-канонска анализа се демонстрира неоснованоста на претензиите од Фанар на особени права на „лидер на светското Православие“, нивната противречност со духот и буквата на каноните, а и со црковното устројство што потекнува од Господ Исус Христос и апостолите.

Содржина:

Автор: Павел Владимирович Кузенков (роден во 1969 г.) e специјалист во областа на црковната историја, на историјата на Византија и Русија, на историската хронологија. Дипломирал на Московскиот државен технички универзитет Н.Е. Бауман (1992 г.) и на Историско-филолошкиот факултет на Рускиот православен институт Св. Јован Богослов (1999 г.). Кандидат на историски науки (аналогно на научната титула магистер). Носител е на Макариевска награда. Предавал на Московскиот државен универзитет М.В. Ломоносов, на Московската духовна академија, на Сретенската духовна академија, на Православниот хуманитарен универзитет Свети Тихон, на Школата за општоцрковни постдипломски и докторски студии Св. рамноапостолни Кирил и Методиј.

Нарачка: https://koe.mk/knigi/ 

Comments

Popular posts from this blog

Што се тоа уроци? Дали нечиј поглед може да има пресудно влијание на друг човек?

ПЦУ изразува „длабоко жалење“ поради игнорирање од Полската православна црква

Проповед на Велика Сабота [audio]