Што се тоа уроци? Дали нечиј поглед може да има пресудно влијание на друг човек?
Меѓу многуте суевери ja кои се сретнуваат во животот на нашиот народ, а кои останале од времето на грубото паганство е и суеверието наречено – урочување, или вера во пресудно влијание на нечиј поглед, кој се прогласува за поглед со лошо око. Ова суеверие може да се сретне и меѓу образовани и меѓу необразовани луѓе. O д урочување се плашат и луѓе што веруваат и оние што малку веруваат, а понекогаш и оние што не веруваат. Зборот суеверие значи: празноверие. Празноверието пак, воопшто не е нешто празно, наивно или безопасно, бидејќи во пракса се покажува како исполнето со разорно дејство против човековото душевно здравје и меѓучовечките односи. Со зборот урокъ, етимолошки: у + рокъ, словенските народи сакале да искажат некакво дејство причинето од поглед кој има моќ некого да доведе, т.е. да постави во лоша, ограничена положба. Во книгата Требник, со молитвите кои свештеникот ги чита за мајката – родилка и за новороденчето, се молиме; Господ да ги чува детето и родилката од сите видо...