Проповед на Томина недела (Антипасха) [audio]


Протојереј-ставрофор Антониј Петрушевски. Митрополитски соборен храм Св. Никола, Куманово, 12.5.2024.

Во денот кога Христос воскреснал и се појавил пред Своите ученици, меѓу нив не бил апостолот Тома. Тој пак, откако пристигнал подоцна, од нив слушнал дека го виделе Христа, но не им поверувал. Брзиот на добро дело Бог, Кој се грижи за секој човек, имајќи притоа и поголема промисла, по Воскресението, за да ги увери и идните поколенија, го остави осмиот ден, за да се изостри љубовта на Тома и за да му даде уверение во Воскресението. Он повторно доаѓа при своите ученици, кога вратата е заклучена, како и претходно, но овој пат и Тома е со нив. Откако им го дава Својот мир, му се обраќа на Тома и му вели: „Дај го прстот свој тука и види ги рацете мои, принеси ја раката твоја и стави ја во моите ребра, и не биди неверен, туку верен.“

Comments

Popular posts from this blog

Што се тоа уроци? Дали нечиј поглед може да има пресудно влијание на друг човек?

Во што е гревот на фарисејот?

Божикно послание од Митрополитот Кумановско-осоговски г. Григориј