Недела на слепиот
Архимандрит Захарија (Захару) Денешното евангелско читање зборува за Светлината на животот, Небесната светлина – Христос и го опишува исцелувањето на човек кои бил роден слеп. Божјото откровение се случува во фази, како во Евангелието од минатата недела. И слепиот и самарјанката на почетокот го сметаат Христос за обичен човек, потоа го препознаваат како еден од пророците и на крајот Му се поклонуваат како на Божји Син и Спасител на светот. Господ веќе се соочил со жестоката омраза на Евреите, кои од сите страни Го прогонувале како богохулник. Настана голема врева кога Toj ја прекрши саботата и Себеси се нарече Син Божји; Го изгонија од синагогата и му го одзедоа правото да поучува. Меѓутоа, Господ сè уште не го беше завршил „делото на Оној што Го испратил“[1]. Бидејќи веќе не му беше дозволено да поучува, Тој им го испрати Својот „знак“ – едноставен човек, човек кој бил роден слеп, кој ќе го укорува слепилото на оние што мислеа дека се мудри и тврдеа дека се учители на Израил...