Успението на Божјата Мајка
проф. Георгиј Манзаридис Во химнографијата на Православната црква, Богородица се нарекува „бог по Бога, имајќи го второто место по Троица“. Некои можеби сметаат дека овие термини се прекумерни и догматски неосновани, но, не е така, бидејќи тие (ни) ја пренесуваат квинтесенцијата на православната теологија и антропологија. Богородица не е само првата, туку е и единствената личност која дејствено соработувала во извршувањето на откупителниот план на Божествената промисла. Таа е единствениот „застапник на натприродните добра“ [1]. Нејзиниот одговор на поздравот на архангелот Гавриил беше почетокот на онтолошкиот процес за спасение и обновување на човечкиот род и на целото создание. Човековата „соработка“ која, всушност, е појдовната точка за православното догматско учење, не е само морален, туку е и онтолошки услов за нашето спасение. Господ не нè спасува без нашата „соработка“, односно нашето со-дејствување. Нашата слободна согласност и нашето учествување во оваа задача се услов кој се и...