Воздвижение на чесниот и животворен Крст
Митрополит писидиски Сотир На 14/27 септември целиот православен свет се радува додека го славиме Воздвижението на чесниот крст, бидејќи: „Ете, преку крстот дојде радоста за целиот свет! (Пасхална молитва) За востанувањето на овој празник придонеле три историски настани: 1. Пронаоѓањето на дрвото на светиот Крст, во 326 г., од страна на св. Елена, мајката на царот Константин Велики. Кога Крстот Господов бил пронајден во близина на Голгота и на чудесен начин бил идентификуван како вистинскиот Крст на кој бил распнат Господ Исус Христос, св. Елена му се поклонила со солзи и му го предала на епископот Ерусалимски Макариј. 2. Света Елена ги поставила темелите на црквата Воскресение Господово на местото на Светиот Гроб, чија градба била завршена во 335 г. На 14 септември истата година, среде црквата се извршило Воздвижение т.е. воздигнување на чесниот и животворен Крст и сите побрзале со почит и со длабоки чувства да се поклонат пред него. 3. По три векови празникот Воздвижение на Чесниот К...