Апел на српските интелектуалци за заштита на светињите и верниците на Украинската Православна Црква

Ние, претставниците на академската заедница и дејците на културата на Република Србија и на српските земји, изразуваме длабока загриженост поради грубото кршење на основните човекови права во Украина.

Како прво, тоа е големо нарушување на уставните норми и закони кои ја гарантираат слободата на вероисповед.

Тоа што сега се случува со свештениците и верниците на Украинската Православна Црква, не може поинаку да се нарече освен како државен терор.

А имено, според податоците на заштитниците на правата на граѓаните на Украина, во сегашен момент на различни форми на репресии се ставени повеќе од 75 свештеници на УПЦ и стотици членови на нивните парохии.

Ако не се сметаат одделни случаи на палење на верски објекти, само во 2022 година, со нескриена поддршка на властите беа одземени 250 храмови на УПЦ. Во оваа година оваа тенденција не само што остана, туку и се засили. Сега оние, кои ја поддржуваат таканаречената ПЦУ, која не ја признаваат 11 од 15 Помесни Православни Цркви, одземаат храмови во Хмељницката, Черновицката, Киевската и други области на Украина. Свештениците и верниците на УПЦ се под различни форми на гонења. Нив не само што ги заплашуваат, туку и ги тепаат, сакатат, ги трујат со солзавец. Приврзаниците на „ПЦУ“, често при содејство на државните структури, применуваат физичко насилство дури кон епископите на УПЦ. И повеќе од тоа, некои епископи беа ставени под домашен притвор или беа ставени под санкции поради лошо смислени, сфабрикувани причини. Овие и други факти сведочат за тоа дека во тек е добро испланирано и од основа уништување на цели епархии на УПЦ.

Во исто време низ цела Украина обласните и градските совети донесуваат решенија за забранување на фукционирањето на УПЦ во своите региони. Проект законите за забранување на Црквата беа регистрирани во Врховниот Парламент на Украина, а на 15 мај 2023 година со решение на судот се отвори можност за лишување на УПЦ од официјалното именување и за пренос на нејзиниот имот на другите конфесии. Украинската држава не само што не го врати имотот на УПЦ кој незаконски беше конфискуван во советско време, но и ја лишува од нејзиното право да ги користи имотните делови на кои се изградени култните зданија.

Имајќи во предвид дека живееме во XXI век, тешко е да си претставиме колку многу, во дадениот момент во Украина, а исто така во земјите на Западот, има не само рамнодушни, туку и согласни со тешкото гонење на верниците на УПЦ. Во време кога во современиот свет се пропагираат различни права, многумина ги затвораат очите пред болката, солзите и крвта на милиони украинци, кои едноставно сакаат да ја сочуваат верата на своите предци. Верата, која нема ништо заедничко со војната која се води, и со политичките проблеми помеѓу Украина и Русија.

Нашиот морален долг, како на интелектуалци, е да го кренеме својот глас против несправедливоста, против нарушувањето на правата на човекот и газењето на човечкото достоинство, и ние ја повикуваме власта на Украина брзо да ги прекине гонењата на православните верници и насилното одземање на храмовите на УПЦ.

Исто така, го молиме официјален Киев да обезбеди непречено чување на законите и меѓународното право по однос на слободата на совеста и вероисповедањето.

Освен тоа, се обраќаме кон европските институции и организации за заштита на правата на човекот, а и кон целата светска заедница, со повик активно да ги заштитува не само религиозните, туку и фундаменталните права на членовите на УПЦ. Ги повикуваме, пред сѐ, да ги испратат своите набљудувачи во критичните точки, каде веќе има гонење и административен притисок врз Украинската Православна Црква, нејзините свештеници и парохјани. Најпрвин, се работи за чување на јурисдикцијата на УПЦ над Свето-Успенската Киево-Печерска Лавра и Свето Успенската Почаевска Лавра, кои се големи светињи за целиот православен свет.

Извор: https://stanjestvari.com/2023/06/19/apel-upc-mp/

Comments

Popular posts from this blog

Што се тоа уроци? Дали нечиј поглед може да има пресудно влијание на друг човек?

Во што е гревот на фарисејот?

Божикно послание од Митрополитот Кумановско-осоговски г. Григориј