Зачнување на свети Јован Крстител



На 23 септември / 6 октомври го празнуваме празникот Зачнување на свети Јован Крстител. Неговите родители, Захарија и Елисавета, биле во поодминати години и не можеле да имаат деца. За нив се раскажува во првото поглавје од Евангелието по Лука. Текстот на апостолот, од Посланието на св. апостол Павле до Галатјаните, се однесува на Стариот Завет. Во книгата Битие читаме дека Авраам и неговата сопруга Сара не можеле да добијат дете. Во Битие гл.16, читаме дека Са'ра (претходно се викала Сара) му рекла на Авраам (пртходно се викал Аврам) да отиде при нејзината слугинка Агара, бидејќи таа не можела да му даде деца. Така, Агара зачнала од Авраам вонбрачен син, кого го нарекла Исмаил. Еден ангел му кажал дека Исмаил „Тој ќе биде силен човек: раката негова ќе се крева против секого, и сечија против него (Битие 16:12).

Подоцна, откако Бог склучил завет со Авраам, Tој ветил дека Са'ра ќе зачне на старост. Така, сега Авраам добил два сина, едниот вонбрачен, а другиот од бракот со Сара.

Св. Павле се осврнува на овие два сина, споредувајќи ги двете жени во две алегории: „Но оној што беше од слугинката, се роди по плот; а оној што беше од слободната – по ветување. А ова е речено сликовито и ги претставува двата завета: едниот од Синајската планина, која раѓа за ропство; а тој е Агара, бидејќи Агара ја означува планината Синај во Арабија, а одговара на сегашниот Ерусалим и робува со децата свои; а горниот Ерусалим е слободен: тој е мајка на сите нас“ (Гал 4, 23-26).

 Агара значи, го претставува Стариот завет, кој бил даден на планината Синај во Десетте заповеди. Овој завет го дал поредокот, исто како што зачнувањето од Агара му даде на Аврам син. Но, ниту Исмаил, ниту Стариот завет немаа најдобар крај.

Новиот завет дојде преку Воплотувањето на Исус Христос. Новиот завет е совршен и траен. Тој го замени Стариот завет. Нашата надеж не се наоѓа во одржувањето на добар поредок, туку во пожртвуваната љубов што Христос ни ја покажа. Ние потекнуваме од Авраам, но не од лозата на Исмаил, туку преку линијата на Исаак, Јаков, потоа до Давид и конечно, до Исус.

Пред Воплотувањето Христово се случило раѓањето на Неговиот претходник (=претеча), Јован Крстител. Пред да се роди Јован, додека Елисавета била бремена, се случило Благовештението. Како Сара, и Елисавета била постара жена кога забременила. Јован бил рожба на чудо од Бога и од верата на неговите родители, Захарија и Елисавета. Значи, ако треба да го посочиме вистинскиот почеток и доаѓање на Новиот завет, првиот настан би бил зачнувањето на Јован Крстител, потоа Благовештението, па Раѓањето на Јован Крстител, и Рождеството Христово.

И на 9 декември, кога се празнува Зачнувањето на Богородица од праведните Јоаким и Ана, исто така, се чита од апостолот за зачнувањето на свети Јован Крстител. Како Захарија и Елисавета, и Јоаким и Ана биле во поодминати години и Бог им дал чудо – раѓањето на Дева Марија. Овој настан, зачнувањето на Дева Марија, не е запишан во Светото Писмо и е првиот од непосредните претходници на доаѓањето на Месијата. Вториот настан е зачнувањето на свети Јован Крстител, а прв е запишан во Светото Писмо.

„Развесели се неплодна која дотогаш не раѓаше, зашто го зачна светлиот светилник на Сонцето; Кој ќе ја просвети сета вселена, заболена од слепило. Ликувај Захарија, со смелост викајќи: пророк на Севишниот е тој што ќе се роди.“ (Тропар на празникот  Зачнувањето на св. Јован Крстител)

Познавањето на нашата историја ни помага да знаеме од каде доаѓаме и како сме стигнале таму каде што сме. Денеска се потсетуваме дека сме потомци на Авраам преку Исаак, а не преку Исмаил, и дека сега сме следбеници на Новиот завет, а не на Стариот завет: „Ние, пак, браќа, сме како Исак, чеда на ветувањето“ (Гал 4, 28). Таа промена започнува во Светото писмо со Зачнувањето на Свети Јован Крстител, кое го славиме денес.

Извор: https://myocn.net/conception-of-st-john-the-baptist-2/

Comments

Popular posts from this blog

Што се тоа уроци? Дали нечиј поглед може да има пресудно влијание на друг човек?

Во што е гревот на фарисејот?

Божикно послание од Митрополитот Кумановско-осоговски г. Григориј