Фрагментацијата од гревот (Лк 8, 26-39)
Архимандрит Никанор (Карајанис)
Лудилото кое
е резултат на влијанието на демонските сили е опишано со остри зборови во
случајот со опседнатиот човек кај Гадара. Оваа вознемиреност се изразува со
моќта на злото, кое на многу и различни начини ни создава непријатности, нè
мачи и понекогаш буквално владее со нас. Денес ќе разгледаме еден трагичен,
карактеристичен симптом на ова: прекинот што го предизвикува гревот.
Внатрешна
поделба: демонските симптоми на гревот
Факт е дека,
како и сите духовни и телесни болести, опседнатоста е поврзана со реалноста на
гревот и со присуството на злото и расипаноста (corruption) во светот. Во настанoт
со опседнатиот човек во Гадара, власта на ѓаволот е очигледна, што доведува до
човечко страдање и колапс. Тоа е состојба во која непријателската сила го труе
животот на една личност, смислувајќи начини и средства да го уништи и да го
доведе до очајание. Кога го прашале како се вика, човекот одговара
„Легион“, бидејќи бил живеалиште на многу демони. Овде многу јасно ја гледаме распарченоста
(fragmentation) на личноста, за која толку многу се зборува денес.
Реакцијата
на жителите на излекувањето на опседнатиот човек
Присуството на
Христос ги вознемири луѓето што живеат во регионот на Гадара. Заслепени и обземени од материјалната добивка, тие не можеле да го видат значењето
на чудесното лекување на човекот. Тие немале грижа на совеста поради нелегалната трговија со свињи
со која се занимавале, што е спротивно на забраната во Мојсеевиот закон. И бидејќи нивните интереси биле
засегнати, тие
го изгониле Христос од
областа. Тие биле
водени од нивните умови и интереси. Тие отфрлале и се бореле против сè што не им служи на нивните
планови и определби, сметајќи го не само за непожелно, туку и опасно. Се
фокусирале на надворешноста и ја промашиле суштината. Безброј луѓе денес ја
следат истата тактика. Го изгонуваат Христа преку границите на нивниот живот и од основата на својата душа. И овде маѓепсаниот
круг на гревот и внатрешната распарченост (fragmentation) се доживува на особено груб начин.
Расчовечувањето (dehumanization) на личноста во денешното општество е
заслепувачки очигледно. Луѓето кои се внатрешно скршени се обврзани да функционираат
на неповрзан начин. Тие
сакаат едно, но кажуваат и прават нешто друго. Телото и душата не работат во
хармонија. Тие се натпреваруваат и се борат.
Драги мои браќа и сестри, откако човекот во денешното евангелско читање беше излечен од она што го мачеше, тој сакаше да остане со Христос. Тој ја доживеал Господовата љубов и благодат што го обединиле неговото постоење кое било парчосано од демоните. А жителите на Гадара го изгониле Христа. Внатрешно поделени и, секако, неспособни да ја разберат нивната состојба, тие ја виделе и почувствувале силата на Христос, но не и неговата љубов. Тие не сакале да погледнат надвор од нивната секојдневна рутина; не сакале поинаква перспектива. За човековата слобода постојат два различни избора. Едниот спасува, другиот уништува. Што ќе избереме?
Извор: https://pemptousia.com/2021/10/the-fragmentation-of-sin-luke-8-26-39/
Comments
Post a Comment