Монахињи од Пјухтицкиот манастир во Собранието на Р. Естонија
Монахињи од Пјухтицкиот манастир на 17 февруари 2025 г. отишле во Ријгикогу (Собранието на Р. Естонија), за да му ја предадат на претседателот на естонскиот парламент Лаури Хусар молбата, во која ја изразуваат својата загриженост од намерата на Талин, да го стави манастирот надвор од законот, ако тој не ги прекине канонските врски со Московската Патријаршија:
,,...Од нас бараат да ја прекинеме канонската врска со Руската Православна Црква поради Цариград. И тоа не е само нарушување на црковните канони; тоа е исто како да го принудиш човекот да ја отфрли својата мајка.
Ние се надеваме дека конечно ќе чујат оние кои имаат власт и Естонската Република ќе ја разбере нашата тревога. Нема таков закон кој би ги натерал невините, законопослушни црнорисци да се откажат од заветите на Христос поради угодување на моменталните желби на политичарите. Нас, жителите на манастирот, без наша согласност нѐ ставаат во простор каде што живеат незнаењето и нови богови, кои утврдуваат вистина надвор од Христос. Ние, ПЈУХТИЦКИТЕ, со духовна радост ќе ги повториме тивките зборови на големиот христијанин Фјодор Достоевски: „Подобро ќе останам со Христос, отколку со вистината без Христос“
Спикерот на парламентот не се решил да излезе пред монахињите, затоа што тие „претходно не се договориле за нивната посета кај него, а тој имал други работни обврски.“ Хусар, очигледно, бил вдахновен од примерот на украинскиот претседател Зеленски, кој во март 2023 г., исто, не излегол пред митрополитите на УПЦ, кои дошле кај него со обраќање по повод Киево-печерската Лавра (украинските власти тогаш сакаа да ги отселат монасите од манастирот).
На крај, обраќањето на пјухтицките монахињи го примил член на фракцијата од Социјал-демократската партија, претседателот на правната комисија, Андре Ханимјаги.
Comments
Post a Comment