Posts

Showing posts from April, 2025

Тома, горната соба и верата

Image
Протопрезвитер Темистоклис Мурцанос „Колку е голема и недостижна длабочината на твоето   милосрдие, милостив Господи. Ти беше трпелив со Евреите кои те удираа; со апостолот кој те допре;   беше многу испитуван од оние што те отфрлија. Како се воплоти? Како се распна, Ти кој си безгрешен? Но, вразуми нè, Господи, за да можеме, како Тома, да Ти воскликнуваме: Господи мој и Боже мој, слава Ти“. ( Слава на стиховните , Вечерна во Неделата на Тома). И денес многумина се збунети во врска со верата и Исус Христос. Од една страна, рационализмот и достигнувањата на нашето време, а од друга страна, рутината, како и фактот дека денес секој има мислење за сè, сето тоа се спојува и придонесува да ја гледаме верата како нешто вообичаено, секојдневно, еден од многуте аспекти на животот. Но, самото Христово Воскресение треба да биде доволн o , за да размислуваме подлабоко. Воскресението е празник, а не идеологија. Тоа е празник на победата над смртта. Тоа е празник на нашата средба со Ис...

Недела на свети апостол Tома: Дали сме како Тома?

Image
Сотир Теологу Христос воскресна. Од минатата недела ја славиме и ја почитуваме вест порака на Христовото воскресение. Таа вест е секогаш актуелна, таа е потсетник дека, колку и да имаме тешкотии и проблеми, Христос воскресна. Дојдовме до првата недела по Велигден и се потсетуваме на неверувањето на апостолот Тома во однос на воскреснатиот Христос. „Вечерта на првиот ден од седмицата, кога учениците беа заедно, а вратите заклучени заради страв од еврејските водачи, Исус дојде, застана меѓу нив и рече: Мир вам“. Учениците се израдуваа кога го видоа Господ, Кој им ги покажа рацете и ребрата (односно, знаците на страдањето). Христос повторно им рече: „Мир вам! Како што Отецот ме испрати мене, така и Јас ве испраќам вас“. Кога го кажа ова, дувна кон нив и рече: „Примете го Светиот Дух“. Кому ќе му ги простите гревовите ќе му се простат; кому ќе му ги задржите, ќе му се задржат.“ Но Тома, познат како Близнак [„Тома“ на еврејски значи близнак] не беше со нив кога го видоа Христос....