Недела на свети апостол Tома: Дали сме како Тома?

Сотир Теологу

Христос воскресна.

Од минатата недела ја славиме и ја почитуваме вест порака на Христовото воскресение. Таа вест е секогаш актуелна, таа е потсетник дека, колку и да имаме тешкотии и проблеми, Христос воскресна.

Дојдовме до првата недела по Велигден и се потсетуваме на неверувањето на апостолот Тома во однос на воскреснатиот Христос.

„Вечерта на првиот ден од седмицата, кога учениците беа заедно, а вратите заклучени заради страв од еврејските водачи, Исус дојде, застана меѓу нив и рече: Мир вам“.

Учениците се израдуваа кога го видоа Господ, Кој им ги покажа рацете и ребрата (односно, знаците на страдањето). Христос повторно им рече: „Мир вам! Како што Отецот ме испрати мене, така и Јас ве испраќам вас“. Кога го кажа ова, дувна кон нив и рече: „Примете го Светиот Дух“. Кому ќе му ги простите гревовите ќе му се простат; кому ќе му ги задржите, ќе му се задржат.“

Но Тома, познат како Близнак [„Тома“ на еврејски значи близнак] не беше со нив кога го видоа Христос. Другите ученици се обидоа да му кажат дека го виделе Господ, но Тома одговори: „Ако не ги видам трагите од клинците во неговите раце и не го ставам прстот таму каде што беа клинците, и не ја ставам раката во неговите ребра, нема да верувам“.

Осум денови подоцна, учениците беа со Тома во куќата, кога Христос повторно се појави, иако вратите беа затворени. Тој уште еднаш рече: „Мир вам“, и обраќајќи му се директно на Тома, рече: „Стави го прстот овде; види ги моите раце. Испружи ја раката и стави ја во моите ребра. Не сомневај се веќе и верувај“.

Тома одговори и рече: „Господ мој и Бог мој“. Потоа Христос рече: „Затоа што ме виде, поверува; блажени се оние што не виделе, а поверувале“.



Во денешниот евангелски  извадок, Тома нè претставува сите нас кои сакаме да видиме нешто од Христос, за да веруваме. Не се малку христијани кои сакаат да видат нешто, за да веруваат во Христовото воскресение. И покрај она што често се вели за Тома, тој не беше неверник; тој беше сомневач. Не можеше  да го прифати фактот, дека еден човек ја победил смртта и воскреснал од гробот. Чувствуваше дека не може да се потпре само на сведоштвото од другите ученици, кои всушност, го виделе Христос; сакаше самиот да види пред да поверува.

И така, осум денови подоцна, Христос повторно им се јави на своите ученици и на Тома, кои ги натера да ги допрат раните од клинците и копјето. А, Тома одговори со зборовите: „Господ мој и Бог мој“.

Најочигледното прашање е; зошто Христос се појави неколку денови подоцна, а не во времето кога Тома ги изразуваше своите сомнежи. Тој се појави осум денови подоцна, односно во недела − денот кога се случи неговото Воскресение, имено, за да се зголеми неверувањето на Тома, а исто така, да им покаже на другите ученици дека не можат ништо да направат без Него.

И денес, Христос нè поканува да го истражиме неговото Воскресение. Тој ги предизвикува оние што не можат да веруваат во настанот, да ги прочитаат во Евангелијата сите настани што ги доживеале Неговите ученици и кои го докажуваат Неговото воскресение.

Според свети Јован Златоуст; Христос не извршил никакви чуда по воскресението, бидејќи самото Воскресение било најголемото чудо што го направил заради нас.

Да го живееме Христовото воскресение. Какви и да се тешкотиите и проблемите, на крајот ќе биде воскресението. На крајот, таму на крајот, е нашата средба со Бога.

Да се ​​трудиме да имаме повеќе од формален однос со Бога, да вложуваме во близок однос, во кој Тој ќе биде за секого од нас, како што рече ап. Тома: „Мојот Бог“.

Извор: https://pemptousia.com/2023/04/thomas-sunday-are-we-perhaps-like-thomas/

Превод: протојереј-ст. Антониј П. 

Comments

Popular posts from this blog

ПЦУ изразува „длабоко жалење“ поради игнорирање од Полската православна црква

Богословска оценка и еклисиолошки последици на кремирањето на мртвите

Првиот вселенски собор во Никеја. Што треба да знае еден православен христијанин