Аудиокнига: Биоетика на репродуктивните технологии
Биоетиката (биомедицинска етика) е интердисциплинарна наука за границите на дозволената интервенција во процесите на човечкиот живот и на смртта преку најновите биомедицински технологии. Биоетиката ја постулира недозволивоста за нанесување штета на личноста, нејзиното потомство и на околината.
Репродуктивните технологии остануваат бесмислени ако, продолжувајќи го телесното постоење, им нанесуваат штета на духовниот и на душевниот живот на човекот. Затоа, Православната Црква има задача да го даде своето мислење и да одговори на прашањата поврзани со нив.
Свештеник м-р Филип Станковски анализира десет биоетички теми во неговата во магистерска дисертација: Биоетика на репродуктивните технологии.
Вовед. Биоетика
Поглавје I. Вештачко оплодување
Поглавје II. Статус на човечкиот ембрион
Поглавје III. Клонирање
Поглавје IV. Технологија за користење на матичните клетки
Поглавје V. Хормонална контрацепција
Поглавје VI. Стерилизација
Поглавје VII. Сурогатно мајчинство
Поглавје VIII. Пренатална дијагностика
Поглавје IX. Планирање на семејството
Поглавје X. Компликации при бременоста
Заклучок
Comments
Post a Comment