Posts

Showing posts from July, 2023

Промотивен осврт за книгата Цариградскиот патријарх ‒ прв меѓу / без еднаквите

Image
Цариградскиот патријарх ‒ прв меѓу / без еднаквите  е нова книга,  зборник со статии,  издание на Тавор - издавачка дејност на Кумановско-осоговската епархија ( Книгата е достапна за преземање во pdf формат на овој линк ). Двосмислениот наслов произлегува од некои спорни ставови што ги застапуваат претставниците на Цариградската патријаршија. Општоприфатено во Православието е почесното прво место, што во диптисите на помесните православни цркви го има Цариградската патријаршија. Но, дали тоа значи дека црковните канони на нејзиниот патријарх му обезбедуваат   и надредена позиција со власт   над другите помесни православни цркви? Тоа прашање освен што го засега надворешното организирање на Црквата, директно се однесува и на нејзиното внатрешно битие, т.е. на она што навистина ја прави Тело Христово, чија Глава е Господ Исус Христос. Црковните канони и историските записи не оставаат место за сомневање, дека во древната Црква никогаш не постоело н...

Кој има право да доделува црковни автокефалии?

Павел Даровски  ❈ Ако прашањето за тоа кој има право да дава автокефалност беше јасно дефинирано во канонското право, тоа немаше да предизвикува толку многу сомнежи и спорови. Но, светите канони не го регулираат ова прашање. Во Византиската империја во III-VIII век, ова прашање не било меѓу првите на дневен ред. Тоа било успешно решавано од страна на Вселенските собори според потребата. Несомнено, за работи кои не се регулирани со каноните, во православните цркви пресудно е Преданието на Црквата, црковното искуство. И тука се појавуваат разлики меѓу Константинопол и другите Цркви. Фанариотите се повикуваат на практиката на Вселенските собори. Но, по последниот од тие Собори, Цариградската патријаршија додели или призна 9 (!) нови автокефални Цркви. А, само Патријаршиството на Руската црква го доделила Константинополската црква во 1590 г., и во одлучувањето учествувале претставници на останатите источни патријаршии, односно процесот имал знаци на Вселенска Соборност. Во 1850 г...

Кога ја виде Исус нивната вера...

Беседа на Евангелието што се чита на Света Литургија во Шестата Недела по Педесетница (10 мин.) ❈ Тогаш Он влезе во еден кораб, се врати назад и пристигна, во својот град. И ете, донесоа при Него еден фатен, положен на постела. Па кога ја виде Исус нивната вера, на фатениот му рече: „Не плаши се чедо! Ти се простуваат гревовите твои!” Тогаш некои од книжниците рекоа во себе: „Овој богохулствува.” А Исус, штом ги разбра мислите нивни, рече: „Зошто мислите лошо во срцата ваши? Или, што е полесно? Да кажам: »Ти се простуваат гревовите твои!« или да кажам: »Стани и оди!«? Но за да знаете дека Синот Човечки има власт на земјата да проштава гревови.” Тогаш му рече на фатениот: „Стани, земи си ја постелата и оди си дома!” И тој стана, ја зеде постелата своја и си отиде дома. А народот, кога го виде тоа, се зачуди и Го прослави Бога, Кој им дал таква власт на луѓето. Од Светото Евангелие според Матеј (9, 1-8). Зач. 29.

Од каде потекнува учењето за првенство на Фанар во православниот свет

Алексеј Смирнов ❈ Претензиите на Цариград на власт, освен на историско-канонски аргументи, се засноваат и на посебен теолошко-догматски систем, којшто се формирал пред неколку децении. Нејзин главен автор е пергамскиот митрополит Јован Зизиулас (1931-2023). Бидејќи детална анализа не може да се направи со една статија, ќе ги разгледаме само општите карактеристики на тој систем. Учењето за помесната црква Основа на еклисиологијата на Зизиулас е учењето за Помесната Црква и за Евхаристијата. За многумина, поистоветувањето на Помесната црква со автокефалните патријаршии или митрополии е вообичаено. Сепак, Зизиулас тоа поистоветување го прави во друга смисла, имено: Помесна црква е она што сега се нарекува епархија. Анализирајќи евангелски и ранохристијански текстови, тој доаѓа до заклучокот дека во почетокот, Помесна (локална) црква ја нарекувале Евхаристиската заедница возглавена од епископ, опкружена со колегиум од презвитери (свештеници). Така, Евхаристијата, собранието и епископот с...

Канонскиот статус на Константинопол и неговата интерпретација во Византија

Павел Кузенков   ❈ Веќе околу илјада години во диптисите на помесните православни цркви, прва е Цариградската патријаршија. Цариградските архијереи го присвоиле ова почесно место, заземајќи го местото на папите, кои од XI век се надвор од канонското заедничарење со православниот свет. Една од главните причини за разделбата којашто долго време се наѕирала и конечно се дефинирала по добро познатиот конфликт во 1054 г., биле, како што е познато, претензиите на Рим за апсолутно и безусловно првенство во христијанската Црква. На православниот Исток - а пред сè, во византискиот Константинопол - со чудење, а најчесто со негодување, се реагирало на таквите тврдења кои немале основа, ниту во Светото Писмо, ниту во црковното Предание. Таканаречениот Константинов дар, кој ги оформил правните основи на уникатниот црковно-правен статус на римските понтифици, е фалсификат од VIII век,   изработен за неискусните владетели на варварска Европа, когошто дури и самите папи долго време не се ос...