Posts

Showing posts from October, 2024

Смртта е победена преку умртвувањето на страстите

Image
„Во она време, се случи Исус, да оди во градот наречен Наин; и со Него одеа мнозина Негови ученици и многу народ. А кога се приближи до градската порта, ете, изнесуваа мртовец, единствен син на мајка си, а таа беше вдовица; и многу народ од градот одеше со неа. Штом ја виде Господ, се сожали на неа, па ѝ рече: – Не плачи! И кога се приближи, се допре до носилото; носачите застанаа, а Он рече: – Момче, тебе ти велам, стани! Мртовецот стана и седна, и почна да зборува; и ѝ го предаде на мајка му. И страв ги опфати сите, и Го славеа Бога и велеа: – Голем пророк се јави меѓу нас. И Бог го посети Својот народ“ (Лука 7, 11-16). * * *  Павлос Муктарудис Од моментот кога нашите први предци „ги свртеле ушите“, му посветиле внимание на предлогот на ѓаволот да ја остават Божјата заповед и да јадат од плодот што не бил благословен за јадење, тие ја трпеа смртта. Нивната одлука да го јадат тој плод резултираше со прекин на нивниот однос со Бог и прифаќање на смртта. Како што одвојувањето на д...

Зачнување на свети Јован Крстител

Image
На 23 септември / 6 октомври го празнуваме празникот Зачнување на свети Јован Крстител. Неговите родители, Захарија и Елисавета, биле во поодминати години и не можеле да имаат деца. За нив се раскажува во првото поглавје од Евангелието по Лука. Текстот на апостолот, од Посланието на св. апостол Павле до Галатјаните, се однесува на Стариот Завет. Во книгата Битие читаме дека Авраам и неговата сопруга Сара не можеле да добијат дете. Во Битие гл.16, читаме дека Са'ра (претходно се викала Сара) му рекла на Авраам (пртходно се викал Аврам) да отиде при нејзината слугинка Агара, бидејќи таа не можела да му даде деца. Така, Агара зачнала од Авраам вонбрачен син, кого го нарекла Исмаил. Еден ангел му кажал дека Исмаил „Тој ќе биде силен човек: раката негова ќе се крева против секого, и сечија против него (Битие 16:12). Подоцна, откако Бог склучил завет со Авраам, Tој ветил дека Са'ра ќе зачне на старост. Така, сега Авраам добил два сина, едниот вонбрачен, а другиот од бракот со Сара....

Евангелието за богатиот риболов

Image
Нашиот Спасител, на прв поглед, има чудна „кадровска политика”: за ученици избира, не некој оратор, не философ, не Цицерон или Аристотел, туку обични рибари. Така е во текот на целата библиска историја: Бог за Свое наследство не ги избрал Латините кои на светот му ги дале основите на правниот систем, принципите на градење држава и војска, ниту Елините кои ни ја дале философијата, туку избрал еден мал номадски народ и за негов цар го поставил овчарот Давид. Што имало во тие рибари, заради што Христос ги претпочитал над сите други мудреци во светот? Работата на рибарите во тоа време била многу тешка: заради жешкото време во Галилеја морале да ловат риба навечер, за да ја продадат наутро, инаку би се расипала. А, по риболовот, требало и да ги да ги закрпат мрежите. Тој ден Петар, Јаков и Јован немале среќа: цела ноќ ловеле риби и ништо не уловиле. Не го заработиле дневниот леб, можеби ќе останат гладни, а може да паднат и во очај. Колку често во нашите животи има ситуации кога се труд...