Posts

Showing posts from December, 2024

Благодарењето и благодарноста

Image
Јован Каравидопулос, професор емеритус по новозаветна херменевтика Замислете за момент, колку страшно би било да сте одвоени од другите луѓе, без никаква можност да контактирате или да се сретнете со некој друг и истовремено да имате заразна болест од која состојбата на телото постојано се влошува. На тоа додадете го и постојаниот презир од луѓето кои веруваат дека болеста што ја имаме е казна за нашиот грешен живот. Потоа одеднаш се појавува некој и ни приоѓа, игнорирајќи ги опасностите, минувајќи преку општествените предрасуди, покажувајќи ја јасно и бестрашно Својата љубов кон нас. Зарем не би му биле бескрајно благодарни? Во Евангелието според Лука таков е настанот со десетте трагични лепрозни кои биле допрени од Христовата спасителна благодат и лековита сила. Божјата љубов, која се воплоти во светот и беше откриена во животот и смртта на Христос, не е ограничена на малкумина избрани, не е само за Неговите блиски пријатели. Се протега на сите, дури – или подобро кажано, особено – н...

Неблагодарноста на деветте лепрозни, упорна страст

Image
Јероѓакон Рафаил Мисиаулис, теолог Исус одел кон Ерусалим, кога надвор од едно гратче наишол на група од десет лепрозни кои гласно го молеле: „Исусе, учителу, помилуј нè“ (Лука 17, 13). Лепрата била ужасна болест која во древноста била погубна, смртоносна за оние кои ќе се заразеле со неа. Ако некој ги покажувал првите симптоми на лепра, бил отстрануван далеку од заедницата, за да се спречи ширењето на болеста. Фала му на Бога, сега имаме лекови за лекување на оваа страшна болест и релативно малкуте нови случаи, главно во светот во развој, можат ефикасно да се третираат. Меѓутоа, во времето на Христос, лепрата била многу распространета; претставувала непосредна опасност за сите, предизвикувала паника и антисоцијално однесување. Се сметало дека е пренослива и смртоносна, како чумата и туберкулозата во подоцнежните времиња. Лепрозните биле држани во изолација, кон нив се однесувале со презир, бидејќи се верувало дека болеста е резултат на грешноста на оние што страдале од неа. Со други з...

Троичниот Бог е наш Спасител

Image
„Во она време, поучуваше Исус во една од синагогите во сабота. И ете, една жена имаше слаб дух осумнаесет години; беше згрчена и не можеше да се исправи. Штом ја виде Исус, ја повика и ѝ рече: – Жено, се ослободуваш од болеста своја! И ги стави рацете Свои врз неа; и таа веднаш стана и Го славеше Бога. А старешината на синагогата, негодувајќи што Исус ја излечи во сабота, одговори и му рече на народот: – Има шест дена во кои треба да се работи; тогаш доаѓајте и лекувајте се, а не во саботен ден. Но Господ му одговори и рече: – Лицемере, не го одврзува ли секој од вас својот вол, или магаре, од јаслите во сабота и не го води ли да го напои? А оваа ќерка Аврамова што ја врзал сатаната, еве, веќе осумнаесет години, не требаше ли да се ослободи од тие врски во саботен ден? И кога го зборуваше ова, сите што беа против Него се засрамија; а целиот народ се радуваше за сите славни дела, извршени од Него“ (Свето Евангелие според Лука 13, 10-17) je роѓакон Рафаил Мисиаулис Исус Христос поучува...