Posts

Showing posts from February, 2025

Монахињи од Пјухтицкиот манастир во Собранието на Р. Естонија

Монахињи од Пјухтицкиот манастир на 17 февруари 2025 г. отишле во Ријгикогу (Собранието на Р. Естонија), за да му ја предадат на претседателот на естонскиот парламент Лаури Хусар молбата, во која ја изразуваат својата загриженост од намерата на Талин, да го стави манастирот надвор од законот, ако тој не ги прекине канонските врски со Московската Патријаршија: ,,...Од нас бараат да ја прекинеме канонската врска со Руската Православна Црква поради Цариград. И тоа не е само нарушување на црковните канони; тоа е исто како да го принудиш човекот да ја отфрли својата мајка. Ние се надеваме дека конечно ќе чујат оние кои имаат власт и Естонската Република ќе ја разбере нашата тревога. Нема таков закон кој би ги натерал невините, законопослушни црнорисци да се откажат од заветите на Христос поради угодување на моменталните желби на политичарите. Нас, жителите на манастирот, без наша согласност н ѐ  ставаат во простор каде што живеат незнаењето и нови богови, кои утврдуваат вистина надвор о...

Богословска оценка и еклисиолошки последици на кремирањето на мртвите

Image
Митрополит Јеротеј (Влахос) Говор на митрополитот Навпактски Јеротеј (Влахос), произнесен на конференцијата посветена на темата; кремирање на мртвите, што ја организирал Светиот синод на Грчката Православна Црква, на 3 март 1999 г. Богословска оценка Пред сѐ,  јас би сакал да се заблагодарам на Светиот Синод на Грчката Црква за тоа дека ми порача да се изразам за оваа проблематика, која толку го загрижува современото грчко општество. Не се работи за тоа дека јас ќе ја исцрпам оваа сложна тема; јас ќе ги допрам во неа само богословските и еклисиолошките аспекти. Другите страни на овој проблем ќе бидат разгледани од моите соговорници. На почеток   јас би сакал да кажам дека во специјалното истражување на професорот на богословскиот факултет на Атинскиот универзитет Георгиј Антураки „Погребение, кремирање и воскресение на мртвите: сведоштва на традициите и културите“ е даден богат материјал на таа тема. Јас денес ќе се задржам на три сложени моменти. Прв. Сите културни наро...

ПЦУ изразува „длабоко жалење“ поради игнорирање од Полската православна црква

На 3 февруари 2025 година, Синодот на ПЦУ изрази „длабоко жалење“ поради тоа што Полската црква ја игнорирала посетата на Думенко на Полска, за празникот Богојавление, во декември 2024 година. Соодветната порака беше објавена на официјалната веб-страница на ПЦУ. Членовите на Синодот, исто така, „искажаа поддршка“ на повикот на Думенко до претстоителот на УПЦ за „дијалог без предуслови“, што водачот на ПЦУ ја изрази за време на говорот на „Европската консултација за праведен мир“, организирана од Конференцијата на европските цркви и Полскиот екуменски совет. „Исто така, членовите на Синодот беа принудени да изразат длабоко жалење поради уште една демонстрација на недруштвен и пристрасен однос кон Православната црква на Украина од страна на водачите на Православната автокефална црква на Полска, чие раководство демонстративно игнорираше важна мировна екуменистичка средба“, се вели во соопштението на Синодот на ПЦУ. Да потсетиме дека Полската црква официјално ја нарече „јерархијата“ на ПЦ...