Posts

Showing posts from November, 2024

Параболата за Добриот Самарјанин

Image
Да се проповеда за параболите на Христос (вклучително и за денешна парабола за Добриот Самарјанин) секогаш е многу тешко: од една страна, тие изгледаат сосема разбирливи, а од друга страна е опасноста да се „падне“ во морализирање. Може да повториме по свети Јован Златоуст: – дека Јудејот кој паднал во рацете на разбојници и бил претепан е Адам, а преку него и целото човештво што излегло од „Ерусалим“, т.е. од рајот – дека разбојниците се демоните – дека свештеникот и левитот се Стариот завет, кој не го давал спасението. Инаку, Христос не кажува зошто токму свештеникот и левитот не помогнале. Можеби се плашеле да не се осквернат од трупот, ако претепаниот бил мртов. Впрочем, тоа изгледа и не е толку важно. Може да го видиме Самиот Христос во ликот на добриот Самарјанин, кој го спасил човекот од смртта. А, во гостилницата – Црквата. И тоа е вистина. Параболата навистина ја изразува целата квинтесенција на човечката историја: без разлика што и да прави човештвото, што и да измислува. Всу...

Празникот на Обновување на храмот Св. великомаченик Георгиј, во Лида

Image
Во 1871 г., Ерусалимскиот патријарх Кирил II се обратил до руските носители на орденот Св. Георгиј со молба да помогнат во обновувањето на црквата Св. Георгиј. Руската влада одвоила пари и на 3 ноември (16 ноември по нов стил) 1872 г., новиот храм бил осветен. Така (Руската) православна црква добила уште еден празник. Но, во текот на илјада години многу православни цркви биле разурнати и повторно изградени. Зошто споменот за возобновувањето токму на тој храм останал засекогаш во црковниот календар? „Некој човек со висок чин“ Според неговото житие, св. Георгиј е роден во III век во христијанско семејство во Лида (градот Лод, во близина на Тел Авив, до аеродромот Бен Гурион). Кога имал 20 години, неговата мајка починала, а на синот му припаднало богато наследство. За време на царот Диоклецијан, Георгиј, одликувајќи се со своите умствени способности, храброст и физичка сила, стапил во воена служба и имал блескава кариера. Кога на крајот од своето владеење, во 303 г., царот почнал да ги пр...

Фрагментацијата од гревот (Лк 8, 26-39)

Image
Архимандрит Никанор (Карајанис) Лудилото кое е резултат на влијанието на демонските сили е опишано со остри зборови во случајот со опседнатиот човек кај Гадара. Оваа вознемиреност се изразува со моќта на злото, кое на многу и различни начини ни создава непријатности, нè мачи и понекогаш буквално владее со нас. Денес ќе разгледаме еден трагичен, карактеристичен симптом на ова: прекинот што го предизвикува гревот. Внатрешна поделба: демонските симптоми на гревот Факт е дека, како и сите духовни и телесни болести, опседнатоста е поврзана со реалноста на гревот и со присуството на злото и расипаноста (corruption) во светот. Во настанoт со опседнатиот човек во Гадара, власта на ѓаволот е очигледна, што доведува до човечко страдање и колапс. Тоа е состојба во која непријателската сила го труе животот на една личност, смислувајќи начини и средства да го уништи и да го доведе  до очајание. Кога го прашале како се вика, човекот одговара „Легион“, бидејќи бил живеалиште на многу демон...

Ослободување од моќта на злото

Image
Јован Каравидопулос, професор емеритус по новозаветна херменевтика Главната цел на евангелското литургиско читање за петтата недела на Матеј е да се покаже Христовата месијанска моќ. Преку дејноста на Исус во светот (Неговото распнување, воскресението, потоа, основањето на Црквата), уништувачкото дело на демоните е укинато, луѓето се ослободени од нивното владеење и започнува нова ера за човештвото. Показатели на оваа нова ера се исцелувањата на опседнатите, односно на луѓето кои страдаат од некоја психолошка болест поради влијание на демонот. Ако со современи термини ги опишеме двајцата несреќници во денешното раскажување, а потпомогнати од паралелните раскази за истиот настан од другите евангелисти – кои раскажуваат за исцелување само на еден демоноопседнат (Мк 5, 1-20 и Лк 3, 26-29) – може да ги истакнеме следните точки за нивните карактеристики: а) Тие биле социјални отпадници, бидејќи живеле меѓу гробовите и биле опасни („многу сурови“). б) биле лудо агресивни („никој не м...