Првиот вселенски собор во Никеја. Што треба да знае еден православен христијанин

Наталија Сазонова Споменот на Првиот Вселенски Собор се празнува 49 денови по Велигден и една недела пред празникот Педесетница − Света Троица. Ова не е случајно: бидејќи, самиот Собор беше првиот обид да се формулира догматот за триединството на Бога, вклучувајќи го во Символот на верата. Што е тоа Вселенски собор? Вселенски собор е собрание на епископите на христијанската Црква, а Првиот вселенски собор се одржал во 325 година на иницијатива на императорот Константин Велики во Никеја, предградие на главниот град на Источното Римско царство, Константинопол. Соборот бил одговор на ширењето на еретичкото учење на Ариј, а главното прашање за кое разговарале собраните отци бил догматот за Божеството на Исус Христос. 7-мата недела по Велигден Празнувањето на Отците на Соборот веројатно не се појавило веднаш по настанот: по Соборот, уште 60-ина години продолжиле споровите за догматот за Божеството Христово. Значењето на Соборот како прв собор кој почнал...