Posts

За оние што живеат со врзани очи

Image
Светило за телото е окото. И така, ако твоето око биде чисто и целото твое тело ќе биде светло; ако, пак, твоето око биде лошо, целото тело ќе ти биде темно. И така, ако светлината, што е во тебе, е темнина, тогаш каква ли ќе е темнината? Никој не може да им слугува на двајца господари: оти, или едниот ќе го замрази, а другиот засака; или кон едниот ќе се приврзе, а другиот ќе го презре. Не можете да им служите на Бога и на Мамона. Затоа ви велам: немојте да се грижите за душата – што ќе јадете или што ќе пиете; ниту за телото, во што ќе се облечете. Зар не чини душата повеќе од храната, и телото – од облеклото? Погледајте ги птиците небески; тие ни сеат, ни жнеат, ниту во амбар собираат; но вашиот Отец ги храни. Зар не сте вие многу поскапи од нив? A кој од вас, грижејќи се, може на својот раст да му придаде макар еден лакот? Зошто се грижите и за облеката? Погледајте ги полските кринови како растат: не се трудат, ниту предат; но ви велам дека ни Соломон, во целата своја слава, н...

Св. Јован – „извршителот“ на словото

Image
Софија Бекри „Сето создание се радува на твоето раѓање, божествен (човеку): зашто ти Претечо се покажа како земски ангел и небесен човек, и ни го објавуваш Небесниот Бог воплотен“  –  пее химнографот во канонот на празникот на славниот и чесен Претеча. Навистина, целата Црква учествува и слави, бидејќи „радостотворното раѓање“ на светителот „ни ја возвестува вистинската радост и веселба. Затоа и целото создание светло го празнува (раѓањето на св. Јован Крстител)“. Навистина, Јован е „Светилник на светлината“, „ѕвезда што свети пред Светлината“, „зрак што го најавува Сонцето на правдата“, „светлата ѕвезда што ја разгонува заблудата и темнината и го отвора патот кон вистината Христова“. Св. Јован, всушност, е наречен „ѕвезда на ѕвездите“, бидејќи неговата светлина ја надминува светлината на сите други ѕвезди. Тој е најсјајната ѕвезда што го осветлува патот за муграта на Оној што е наречен „Исток од висините “. Според тоа, невозможно е нашата Црква да не му оддаде посебна ч...

'Покажи ми ја личноста'

Image
Архимандрит Варнава Ламбропулос Кога еднаш незнабожецот Автолик побарал од св. Теофил Антиохиски да му го покаже бог во кој верува, Теофил му одговорил: „Покажи ми ја личноста и ќе ти го покажам мојот Бог“. Одговорот на светителот нè потсетува дека во историјата на човечката цивилизација, теологијата и антропологијата се меѓусебно испреплетени. Религиозните убедувања на секоја личност имаат одлучувачко влијание врз нејзиното формирање и целиот нејзин став кон животот. Христијанинот Теофил сакал да му укаже на нехристијанинот Автолик, дека за нас човечката личност е образ (image, икона) на единствениот вистински Бог и дека тој образ е вистинит (т.е. верен на оригиналот – забел на прев.) толку, колку што се стремиме да бидеме како Христос кој беше и Бог и човек. „Чесна е смртта на неговите свети.“ Затоа, би можеле да кажеме дека на големиот празник Педесетница, Црквата ни го „покажа својот Бог“ и дека денес, на празникот на сите свети, „ни ја покажува својата личност“. Со Педесетница е з...

Недела на слепиот

Image
Архимандрит Захарија (Захару) Денешното евангелско читање зборува за Светлината на животот, Небесната светлина – Христос и го опишува исцелувањето на човек кои бил роден слеп. Божјото откровение се случува во фази, како во Евангелието од минатата недела. И слепиот и самарјанката на почетокот го сметаат Христос за обичен човек, потоа го препознаваат како еден од пророците и на крајот Му се поклонуваат како на Божји Син и Спасител на светот. Господ веќе се соочил со жестоката омраза на Евреите, кои од сите страни Го прогонувале како богохулник. Настана голема врева кога Toj ја прекрши саботата и Себеси се нарече Син Божји; Го изгонија од синагогата и му го одзедоа правото да поучува. Меѓутоа, Господ сè уште не го беше завршил „делото на Оној што Го испратил“[1]. Бидејќи веќе не му беше дозволено да поучува, Тој им го испрати Својот „знак“ – едноставен човек, човек кој бил роден слеп, кој ќе го укорува слепилото на оние што мислеа дека се мудри и тврдеа дека се учители на Израил...

За што разговарале Христос и Самарјанката?

Image
Свештеник Д'митриј Барицки Петтата недела по Велигден се нарекува Недела на самарјанката. Главниот лик на евангелскиот дел кој овој ден се чита на литургијата е една жена од Самарија, со која Христос започнува разговор покрај бунарот на Јаков. Во црковното предание е зачувано нејзиното име - Фотина или Фотинија. По разговорот со Спасителот таа станала христијанка, подоцна привела многу луѓе кон Бога и примила мачеништво за верата. Што било невообичаено во разговорот на Исус со оваа жена и како ликот на самарјанката може да н ѐ  поучи што треба да се прави, не само за да се стекне благодатта на Светиот Дух, туку и ние самите да станеме извор на оваа благодат за другите луѓе? „Никој да не јаде леб со самарјаните, зашто оној што го јаде нивниот леб наликува на оној што јаде свинско месо“. Вакви изреки се кажувале меѓу Евреите во времето на Христос. Тие биле јасно сведоштво за еден тажен образец: најжестокото непријателство често се појавува токму меѓу оние кои некогаш биле мно...

Што се тоа уроци? Дали нечиј поглед може да има пресудно влијание на друг човек?

Меѓу многуте суевери ja кои се сретнуваат во животот на нашиот народ, а кои останале од времето на грубото паганство е и суеверието наречено – урочување, или вера во пресудно влијание на нечиј поглед, кој се прогласува за поглед со лошо око. Ова суеверие може да се сретне и меѓу образовани и меѓу необразовани луѓе. O д урочување се плашат и луѓе што веруваат и оние што малку веруваат, а понекогаш и оние што не веруваат. Зборот суеверие значи: празноверие. Празноверието пак, воопшто не е нешто празно, наивно или безопасно, бидејќи во пракса се покажува како исполнето со разорно дејство против човековото душевно здравје и меѓучовечките односи. Со зборот урокъ, етимолошки: у + рокъ, словенските народи сакале да искажат некакво дејство причинето од поглед кој има моќ некого да доведе, т.е. да постави во лоша, ограничена положба. Во книгата Требник, со молитвите кои свештеникот ги чита за мајката – родилка и за новороденчето, се молиме; Господ да ги чува детето и родилката од сите видо...

Недела на мироносиците [audio]

Во овој ден го празнувамe споменот на светите жени мироносици, и на Јосиф од Ариматеја, тајниот ученик Христов, и еден од седумдесетте апостоли, како и на Никодим, којшто од старешините јудејски пристапи кон Христа. Бидејќи тие жени беа сведоци на вистинското и прво Воскресение, а Јосиф и Никодим на погребението. Архијерејски намесник, протојереј-ставрофор Драган Алексовски. Манастир Св. великомаченик Георгиј, Куманово. 19.5.2024.   Свештеник м-р Филип Станковски, соборен митрополитски храм Св. Никола, Куманово. 19.5.2024.