Posts

Преображението на Спасителот

Image
Георгиј Манзаридис, професор  emeritus , Теолошки факултет, Аристотелов универзитет во Солун Преображението Господово зазема централно место во Православната Црква и нејзината теологија. Тоа е настан што ја открива славата на Црквата и на верните. Тоа е сведоштво за новата состојба што ја создаде Христовото влегување во историјата. При Преображението, Христос ја пројавува несоздадената слава на Св o јата божественост преку Својата човечка природа. Истовремено, со Него во таа несоздадена,   божествена слава   Тој ги воведува и луѓето што биле таму во тоа време. Мојсеј и Илија учествуваат во истата светлина со Христос. Единствената разлика е што Христос е изворот, додека тие се примачи на божественото сјаење. Христос се преобрази пред очите на Неговите ученици бидејќи се приближуваше денот на Неговото распнување: „за да можат, кога ќе Те видат распнат, да го разберат Твоето доброволно страдање“ [кондак на празникот]. Преку Преображението, Христос, од една стра...

Христовото Преображение и нашето преображение

Image
Архимандрит Јаков (Канакис) Денес е голем Господов празник, Преображение на Христос Спасителот. Ќе кажеме неколку зборови за празникот врз основа на она што го пишува Евангелието. Малку време пред Неговото распнување, Христос поведе тројца од Своите ученици − Петар, Јаков и Јован, на високиот рид наречен Тавор и се преобрази пред нив. Неговото лице стана светло како сонцето, а облеката − бела. Лево и десно од Него се појавија две личности од Стариот Завет, Мојсеј и Илија, кои ги претставуваа Законот и Пророците, соодветно. Учениците не можеа да ја поднесат светлината и паднаа на земја (Педесетница сè уште не се беше случила). Еден од нив, Петар, го праша Христос дали може да постават шатори и да останат таму. Потоа облак светлина ги зафати и се слушна глас од небото - ист како што беше слушнат на Богојавление: „Овој е Мојот возљубен Син, Кој е по Мојата волја, Него послушајте го“. Кога учениците паднаа на земја од страв, Исус им рече: „Станете и не бојте се“. Кога ги отворија очите, н...

Недела 10-та недела по Педесетница. Исцелувањето на демоноопседнатото момче

Image
Кога дојдоа при народот, пристапи кон Него еден човек, кој падна на колена и рече: „Господи, смилувај се на мојот син, зашто при нов месец го фаќа бес и се мачи многу; често паѓа во оган и често – во вода; го одведов при Твоите ученици, но тие не можеа да го излекуваат.” А Исус одговори и рече: „О, роде неверен и развратен! До кога ќе бидам со вас? До кога ќе ве трпам? Доведете Ми го тука!” И му нареди Исус на бесот и тој излезе од момчето; и тоа оздраве во тој час. Тогаш учениците пристапија кон Исуса насамо и Му рекоа: „Зошто не можевме ние да го истераме?” А Исус им рече: „Заради вашето неверие: зашто, вистина, ви велам, ако имате вера колку синапово зрно, ќе ѝ речете ли на оваа планина: »Премести се одовде таму?« и таа ќе се премести, и ништо нема да биде за вас неможно. Овој, пак, род се истерува само со молитва и пост.” А кога беа во Галилеја, Исус им рече: „Синот Човечки ќе биде предаден во раце човечки, и ќе Го убијат, и на третиот ден ќе воскресне.” - Свето Евангелие според Ма...

Чудата – знаци на новиот живот (Недела 7 по Педесетница)

Image
Јероѓакон Рафаил Мисјаулис, теолог И народот се восхитуваше, велејќи: „Никогаш не се видело нешто слично во Израилот“ (Мт 9, 33). Во денешното евангелие се спомнуваат две чуда кои ги извршил извршени нашиот Господ Исус Христос. Едното е исцелувањето на двајцата слепци, а другото – ослободување на глувиот и нем човек кој бил опседнат од демон што го измачувал и бил причина за болест. Христос ги извршил овие чуда за да им покаже и да им нагласи на луѓето дека Тој е Месијата, Искупителот на светот, кого тие го очекувале. Чудата биле карактеристики на Неговото месијанско достоинство. И причината поради која ги извршувал беше Неговата бескрајна милост и сострадание кон нас, Неговото најсовршено создание. Тој прво ја излекувал душата на болниот човек, а потоа и телото. Откако Господ излегол од куќата на Јаир, истакнатиот граѓанин чија ќерка Христос ја воскреснал, Тој се упатил кон друга куќа, но тогаш му пристапиле двајца слепци, молејќи го да се смилува над нив и да ги излечи. Кога ...

Единственото дело на светите апостоли

Image
Ламброс Сконцос, теолог Црквата на 30 јуни / 12 јули со посебна чест го прославува споменот на Соборот на Дванаесетте Христови Апостоли, заради нивното големо дело во мисијата за спасението на светот. Црквата, како и човештвото воопшто, им должи голема благодарност на овие извонредни личности. Тие станаа светилници кои ја одразуваат незгасливата Христова светлина, покажувајќи им го на луѓето вистинскиот пат кој води кон Небото. Господ Исус Христос ги повика да бидат негови соработници и да го продолжат неговото искупително дело. „Не вие Мене Ме избравте, туку Јас ве избрав вас и ве поставив да одите и да принесувате плод, и плодот ваш да остане“ (Јн 15, 16). „Како што Ме прати Мене Отецот, така и Јас ве праќам вас“ (Јн 20, 21). Тој им рече: „Одете и научете ги сите народи“ (Мт 28, 19) и „ќе ми бидете сведоци... до крајот на земјата“ (Дела 1, 8). Но, исто така ги предупреди: „Ете, Јас ве праќам како овци меѓу волци“ (Мт. 10, 16), потсетувајќи ги дека нивната работа нема да биде лес...

Чудо и исцеление (Петта недела по Педесетница)

Image
Георгиј Патронос, emeritus професор по теологија, Атински универзитет  Евангелското читање за денешниот ден се однесува на чудото на опседнатиот човек кого Христос го исцелил. Настанот го привлекол вниманието на тројца евангелисти, Матеј, Марко и Лука поради големиот впечаток што исцелението го предизвикало, последиците што следеле по истерувањето на демоните и длабокото дејство што исцелението го имало врз голем број луѓе во областа Гергеса и Гадара. Изобличување на личноста Евангелистите Марко и Лука не прикажуваат општа или замислена слика за трагичните ефекти од демонското влијание. Тие го конкретизираат и персонализираат прашањето. Тие спомнуваат специфична личност, која не само што ги носи очигледните надворешни знаци на распад (collapse), туку е и човек кој внатрешно и духовно бил изопачен до таков степен што ги изгубил основните онтолошки карактеристики што ја сочинуваат човековата свест и постоењето. Кога Исус го прашува опседнатиот човек како се вика, тој одговара ...

Раѓањето на свети Јован Крстител и Претечa

Image
Црквата на 24 јуни / 7 јули го слави Раѓањето на свети Јован Крстител и Претеча. С поред православната традиција, раѓањето на светителите се слави на денот на нивното упокоение, бидејќи тоа е денот на нивното заминување во Царството Небесно, односно нивното раѓање во Царството Небесно. Исклучок е само Раѓањето на Исус, на Дева Марија и на свети Јован Крстител, бидејќи нивнита раѓања се алки во ланецот на божествениот домострој (т.е. во планот на Божјото човекољубие за спасение на светот). Свети Јован е чудесно роден од стари родители, свештеникот Захарија и праведната Елисавета, кои биле бездетни. Неговото раѓање, како и името на детето, ангел му ги објавил на Захарија додека бил во храмот. Како што е раскажано во Евангелието според Лука (гл. 1, стихови 39-57), кога  Елисавета  ја посетила  Пресвета Богородица која во утробата го носела воплотениот Син Божји, тогаш Јован, чувствувајќи го присуството на Христос, се придвижил, потскокнал во утробата на својата мајка. Свети ...