Posts

Преподобен Никодим Светогорец и неговите мисли за судската власт на Цариградскиот патријарх

Image
Предавање на ректорот на КДАиС, епископот Белгородски Силвестер на отварањето на XI годишна студентска конференција „Студентската наука во духовното школо“, организирана од Киевската духовна академија и семинарија на 30 март 2021 година. Границата на XX-XXI век стана време на приметно заострување на спорот по повод православната еклесиологија. Треба отворено да се признае дека денес помеѓу Помесните Православни Цркви нема единство во разбирањето на ред аспекти на учењето за Црквата. Се изрекуваат принципиелно разни погледи за природата и обемот на првенство во Вселенската Црква, со механизам на создавање на нови автокефални и автономни Цркви, на канонски статус на православната дијаспора. Притоа сите тие прашања не остануваат само предмет на апстрактни теоретски спорови. Тие создаваат сериозни проблеми во взаимните односи помеѓу помесните Цркви. Затоа денес особено е важно да се има балансирана и одговорна дискусија по прашањата за православното учење за Црквата. Темел за таква дискуси...

Благодарењето и благодарноста

Image
Јован Каравидопулос, професор емеритус по новозаветна херменевтика Замислете за момент, колку страшно би било да сте одвоени од другите луѓе, без никаква можност да контактирате или да се сретнете со некој друг и истовремено да имате заразна болест од која состојбата на телото постојано се влошува. На тоа додадете го и постојаниот презир од луѓето кои веруваат дека болеста што ја имаме е казна за нашиот грешен живот. Потоа одеднаш се појавува некој и ни приоѓа, игнорирајќи ги опасностите, минувајќи преку општествените предрасуди, покажувајќи ја јасно и бестрашно Својата љубов кон нас. Зарем не би му биле бескрајно благодарни? Во Евангелието според Лука таков е настанот со десетте трагични лепрозни кои биле допрени од Христовата спасителна благодат и лековита сила. Божјата љубов, која се воплоти во светот и беше откриена во животот и смртта на Христос, не е ограничена на малкумина избрани, не е само за Неговите блиски пријатели. Се протега на сите, дури – или подобро кажано, особено – н...

Неблагодарноста на деветте лепрозни, упорна страст

Image
Јероѓакон Рафаил Мисиаулис, теолог Исус одел кон Ерусалим, кога надвор од едно гратче наишол на група од десет лепрозни кои гласно го молеле: „Исусе, учителу, помилуј нè“ (Лука 17, 13). Лепрата била ужасна болест која во древноста била погубна, смртоносна за оние кои ќе се заразеле со неа. Ако некој ги покажувал првите симптоми на лепра, бил отстрануван далеку од заедницата, за да се спречи ширењето на болеста. Фала му на Бога, сега имаме лекови за лекување на оваа страшна болест и релативно малкуте нови случаи, главно во светот во развој, можат ефикасно да се третираат. Меѓутоа, во времето на Христос, лепрата била многу распространета; претставувала непосредна опасност за сите, предизвикувала паника и антисоцијално однесување. Се сметало дека е пренослива и смртоносна, како чумата и туберкулозата во подоцнежните времиња. Лепрозните биле држани во изолација, кон нив се однесувале со презир, бидејќи се верувало дека болеста е резултат на грешноста на оние што страдале од неа. Со други з...

Троичниот Бог е наш Спасител

Image
„Во она време, поучуваше Исус во една од синагогите во сабота. И ете, една жена имаше слаб дух осумнаесет години; беше згрчена и не можеше да се исправи. Штом ја виде Исус, ја повика и ѝ рече: – Жено, се ослободуваш од болеста своја! И ги стави рацете Свои врз неа; и таа веднаш стана и Го славеше Бога. А старешината на синагогата, негодувајќи што Исус ја излечи во сабота, одговори и му рече на народот: – Има шест дена во кои треба да се работи; тогаш доаѓајте и лекувајте се, а не во саботен ден. Но Господ му одговори и рече: – Лицемере, не го одврзува ли секој од вас својот вол, или магаре, од јаслите во сабота и не го води ли да го напои? А оваа ќерка Аврамова што ја врзал сатаната, еве, веќе осумнаесет години, не требаше ли да се ослободи од тие врски во саботен ден? И кога го зборуваше ова, сите што беа против Него се засрамија; а целиот народ се радуваше за сите славни дела, извршени од Него“ (Свето Евангелие според Лука 13, 10-17) je роѓакон Рафаил Мисиаулис Исус Христос поучува...

Параболата за Добриот Самарјанин

Image
Да се проповеда за параболите на Христос (вклучително и за денешна парабола за Добриот Самарјанин) секогаш е многу тешко: од една страна, тие изгледаат сосема разбирливи, а од друга страна е опасноста да се „падне“ во морализирање. Може да повториме по свети Јован Златоуст: – дека Јудејот кој паднал во рацете на разбојници и бил претепан е Адам, а преку него и целото човештво што излегло од „Ерусалим“, т.е. од рајот – дека разбојниците се демоните – дека свештеникот и левитот се Стариот завет, кој не го давал спасението. Инаку, Христос не кажува зошто токму свештеникот и левитот не помогнале. Можеби се плашеле да не се осквернат од трупот, ако претепаниот бил мртов. Впрочем, тоа изгледа и не е толку важно. Може да го видиме Самиот Христос во ликот на добриот Самарјанин, кој го спасил човекот од смртта. А, во гостилницата – Црквата. И тоа е вистина. Параболата навистина ја изразува целата квинтесенција на човечката историја: без разлика што и да прави човештвото, што и да измислува. Всу...

Празникот на Обновување на храмот Св. великомаченик Георгиј, во Лида

Image
Во 1871 г., Ерусалимскиот патријарх Кирил II се обратил до руските носители на орденот Св. Георгиј со молба да помогнат во обновувањето на црквата Св. Георгиј. Руската влада одвоила пари и на 3 ноември (16 ноември по нов стил) 1872 г., новиот храм бил осветен. Така (Руската) православна црква добила уште еден празник. Но, во текот на илјада години многу православни цркви биле разурнати и повторно изградени. Зошто споменот за возобновувањето токму на тој храм останал засекогаш во црковниот календар? „Некој човек со висок чин“ Според неговото житие, св. Георгиј е роден во III век во христијанско семејство во Лида (градот Лод, во близина на Тел Авив, до аеродромот Бен Гурион). Кога имал 20 години, неговата мајка починала, а на синот му припаднало богато наследство. За време на царот Диоклецијан, Георгиј, одликувајќи се со своите умствени способности, храброст и физичка сила, стапил во воена служба и имал блескава кариера. Кога на крајот од своето владеење, во 303 г., царот почнал да ги пр...

Фрагментацијата од гревот (Лк 8, 26-39)

Image
Архимандрит Никанор (Карајанис) Лудилото кое е резултат на влијанието на демонските сили е опишано со остри зборови во случајот со опседнатиот човек кај Гадара. Оваа вознемиреност се изразува со моќта на злото, кое на многу и различни начини ни создава непријатности, нè мачи и понекогаш буквално владее со нас. Денес ќе разгледаме еден трагичен, карактеристичен симптом на ова: прекинот што го предизвикува гревот. Внатрешна поделба: демонските симптоми на гревот Факт е дека, како и сите духовни и телесни болести, опседнатоста е поврзана со реалноста на гревот и со присуството на злото и расипаноста (corruption) во светот. Во настанoт со опседнатиот човек во Гадара, власта на ѓаволот е очигледна, што доведува до човечко страдање и колапс. Тоа е состојба во која непријателската сила го труе животот на една личност, смислувајќи начини и средства да го уништи и да го доведе  до очајание. Кога го прашале како се вика, човекот одговара „Легион“, бидејќи бил живеалиште на многу демон...